wrapper

Флеш вести

Вторник, 14 Февруари 2017 00:18

Делчевското село Стамер во минатото било вистински “Јура Парк”

 
 
(фото - 1, глинест седимент)

 

(фото – 1, глинест седимент)

Теренската работа почнува со скицирање на локалитетот и почеток на ископувањата.

Искусниот тим составен од палеонтолог и инженери внимателно го пребаруваат земјиштето и локациите забележани на нивните мапи.

(Фото2, Работи на терен)

 

(Фото2, Работи на терен)

Сите евентуално пронајдени експонати соодветно се пакуваат и се проследуваат во палеонтолошката лабораторија во Природонаучниот музеј во Скопје.

 

„Материјалот кога ќе се извади на теренот е влажен и свеж. Тогаш може со мала работа да се открие дел од коските. Но, мошне брзо се суши, се стврднува. Така што мора да се остави за да се доработи тука, во лабораторијата“, објаснува Македон Петлицаров, конзерватор во  Природонаучниот музеј во Скопје.

Фазата на обработка на пронајдените фосили е сложена. Таа претставува основа за успешна идентификација на материјалот.

(Фото-3 Македон Петлицаров, конзерватор, Природонаучен музеј, Скопје)

 

(Фото-3 Македон Петлицаров, конзерватор, Природонаучен музеј, Скопје)

„Прва фаза е колку што може побрзо материјалот да се исчисти од глината и да се дојде до коската. Една од моите задачи е што попедантно да го  исчистам пронајдениот материјал. При тоа, не смее да се уништи ниту еден дел од коската. Секоја нерамнина и вдлабнатинка си има свое значење. Посебно ако станува збор за коски на главата. Ако се скрши заб или дел од черепот, идентификацијата на материјалот би била невозможна“, го завршува конзерваторот своето објаснување.

(Фото-5, анализа на експонат)

 

(Фото-5, анализа на експонат)

Во просторијата за идентификација постапката се одвива според утврден редослед. Во тек е анализа на заб од некое предисториско животно.

 

Се проценува дека станува збор за заб од месојадно животно, односно карнивор.

„Првенствена карактеристика која што нè наведува да заклучиме дека е карнивор е неговиот зашилен тубер, односно врв на забот. Овој претставува дерач, преткатник, којшто му овозможува на животното при напад да го зграби пленот и да ја раскине мускулатурата. Овој тип на заб недостасува кај тревопасните видови. Кај нив забите се порамни, прилагодени повеќе за дробење на растителна храна“, објаснува палеонтологот Гаревска.

 (Фото-6 хиена)

 

(Фото-6 хиена)

Хиената е грабливо животно кое денес живее единствено во централна и јужна Африка. Уште од праисторијата тие биле „наоружани“ со остри заби и силни канџи. Но, ако хиените биле ловците тогаш кој им бил пленот?

Според наодите на палеонтолозите во тој период на територијата на Република Македонија живееле и неколку видови антилопи, диви кози, мајмуни, но и покрупни цицачи како што биле мастодонтите.

Најголемиот пронајден примерок бил висок околу 4 метри и тежел 8 тони.

(Фото-7, мастодонт)

 

(Фото-7, мастодонт)

 „Станува збор за големи тревопасни животни, предци на денешниот слон. Односно тоа е една палеонтолошка низа која што води кон различен еволутивен развој. Како последен во низата на овие фосилни слонови, односно мастодонти, е мамутот. Тој е последен предок на денешниот слон“, вели нашиот палеонтолог.

Мамутите почнале да живеат од времето на плиоценот, пред 5 милиони години. Ги имало сè до пред само 4.500 години и ѝ припаѓале на фамилијата слонови.Мамут

Современата наука сè уште е поделена во однос на причините за нивното изумирање. Најмногу докази одат во прилог на тврдењата дека овие џиновски цицачи од територијата на денешна Македонија почнале да исчезнуваат поради нагли климатски промени. Скептиците пак, кои не се согласуваат дека временските прилики биле фактор за изумирање на некогашниот жив свет и натаму талкаат низ праисторијата барајќи го својот одговор. Според нив, во текот на последните неколку милиони години се случиле голем број на сличнизатоплувања и ладења кои не влијаеле на опстанокот на животните.

Истражувањата продолжуваат, а научниците во Македонија и во светот и понатаму ќе бараат одговори за животот и за истребувањето на древните животни од нашата планета.

Доколку го пропуштивте, прочитајте го првиот дел на колумната, за предисториските ѕверови кои владееле со овие простори во минатото.

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на