wrapper

Флеш вести

Понеделник, 20 Март 2017 20:39

Повредата е минато, Ѓорческа од Сардинија тргнува по нови поени

Најдобрата спортистка на Македонија за 2016 година и најдобра македонска тенисерка на сите времиња, Лина Ѓорческа (193-та на ВТА листата), по повеќе од еден месец пауза, поради повреда на раката, се враќа на тениските терени. Новиот поход кон целите за годинава (пласман што повисоко на ВТА-листата) таа го почнува во вторник, на турнирот со награден фонд од 25.000 долари во Санта Маргарита ди Пула на Сардинија, Италија. Ѓорческа на Сардинија ќе остане две недели, оти ќе игра на двата турнира едноподруго (вториот е од 27 март).



- Лекарите ѝ дадоа дозвола за настап на турнири, а и време беше оти повеќе од еден месец нема натпревари. Се чувствува добро, но не може да се каже ништо додека не влезе на терен, оти тренирање и натпревари на турнир не е исто. Најважно ќе биде да видиме како е по повредата, но секој добар резултат е добредојден - вели Владо, татко на Ѓорческа.

За Ѓорческа е добро што во паузата што ја имаше по повредата во февруари немаше голем пад во рејтингот на ВТА-листата оти минатиот месец не загуби поени. Добро е што и по повредата и паузата има доволно време за да се врати во ритам, оти овој месец треба да брани само осум бода од минатата сезона во овој период, па така на Ѓорческа ѝ останува доволен период за да се подготви за вистинските предизвици во следните четири месеци, кога треба да надмине вкупно 172 бода за да напредува на листата.

Турнирот на Сардинија е силен, оти ќе настапи поранешната петта светска тенисерка, Словачката Даниела Хантукова, сега 222. на ВТА, која е 13-та фаворитка, а на првиот турнир ќе игра и Русинката Галина Воскобоева, порано 42. а сега на 260-то место на ВТА. Според рангот на првиот турнир, Ѓорческа е трет фаворит за титулата, зад Холанѓанките Синди Бургер (161-ва на ВТА) и Куерин Лемоин (171-ва), а на вториот е втора, зад Лемоин.

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на