wrapper

Флеш вести

Вторник, 18 Април 2017 18:28

Битка околу наследството на Есма Реџепова

Пред неколку денови во Скопје е отворен тестаментот на кралицата на ромската музика Есма Реџепова-Теодосиевска, во кој е откриено дека таа целиот свој имот ѝ го остава на Република Македонија. Есма почина на 11 декември 2016 година по кратко боледување.

- Со години зборуваше дека сака својот дом на културата и хуманоста да ѝ го остави на Македонија, а тоа ветување и го исполни. Завчера беше отворен тестаментот на Есма, во кој јасно стои дека целиот свој имот ѝ го подарува на државата. Есма многу ја сакаше Македонија, а и Македонија ја сакаше Есма. Секаде по светот, во сите интервјуа ја спомнуваше Македонија. Во срцето ја носеше македонската песна, душа и мисла. Затоа Есма целиот свој имот ѝ го подари на Македонија – рекла во емисија за Радио Слободна Македонија Зорана Костовска, нејзината најблиска соработничка.

Во меѓувреме, се појавија и негодувања во врска тестаментот од блиски роднини на Есма.

Како што дознава неделникот „Фокус“, станува збор за куќата на Кале од 860 квадрати и за авторските права од богатата музичка ризница на ѕвездата. Набргу по соопштението за тестаментот, на својот профил на Фејсбук се огласи Васка Јанковска, блиска пријателка на Есма и долгогодишен член во музичката екипа на Горан Бреговиќ, со обвинение дека се сомнева дека тестаментот е лажен, дека семејството на Есма веќе ангажирало адвокати и дека ќе се борат за своите права. Таа наведува дека постојано била покрај Есма и дека сакала да им го остави имотот на внуците.

Аднан Реџепов, внук од брат на Есма, кој живее во Германија, потврди дека семејството ќе си ги бара своите права.

- Моментално сум на работа, но во текот на наредните денови ќе ви ги дадам сите потребни информации околу настаните со тестаментот – изјавил тој за „Фокус“. Реџепов, кој долги години работи и живее во Германија, дошол во Скопје на погребот на неговата тетка Есма. И менаџерскиот тим на Есма, Весна Ѓорѓиевска и Симеон Атанасов, потврдиле за „Фокус“ дека има проблеми помеѓу семејството на Есма и хуманитарното здружение околу нејзиното наследство.

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на