wrapper

Флеш вести

Синдикатите крчкаат зголемување на минималната плата. Од друга страна бизнисмените бараат време за дополнителни анализи, а експертите советуваат на внимателност. Растот на минималецот беше и еден од главните адути на политичките партии во предизборието.

Институтот за економски истражувања и политики ги разгледува можните влијанија на политичката криза врз економијата и во наредниот период.

Од 948.599 лица кои лани го сочинувале активното население во Македонија вработени се 723.550, а 225.049 се невработени, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за сттаистика.

Домашни и странски производители на храна се служат со евтини трикови и прикажуваат лажни карактеристики на своите производи за да ги доведат потрошувачите во заблуда и на тој начин да ја зголемат продажбата. Така, сѐ почесто може да се сретне природен мед, на чие дно на теглата е напишано дека станува збор за производ од мед, намаз се продава како павлака, а разреден концентрат се продава како овошен сок, иако не содржи доволно овошје за да се квалификува како таков.
Илјадниците фалсификувани евра што во изминатиот период беа откриени во земјава и регионот, како и неколкуте „помали“ регистрирани случаи во кои беа пуштани во оптек лажни денари, сериозно ја наметнаа загриженоста на институциите и во јавноста за опасноста од кружење на фалсификувани банкноти помеѓу граѓаните.

Падот на грчката економија во последниот квартал од 2016 година е поголем отколку што се очекуваше, а разговорите на официјалните претставници со меѓународните кредитори влегуваат во втората недела.

Индексот на ФАО за цената на кошницата на основните прехранбени производи порасна во февруари за 0,5 отсто од ревидираното јануарско ниво и за 17,2 проценти во однос на февруари 2016 година,

Иако повеќето од испитаниците одговориле дека размислувале да ја напуштат земјава и да заминат во странство дури и по цена да извадат бугарски пасош, најголем дел од нив би останале во земјава доколку нивната професија е достојно платена. Во анкетата учествуваа вкупно 3.335 испитаници 

Железничкиот патнички и товарен сообраќај во Македонија седми ден е целосно блокиран поради протестот на вработените во претпријатијата во Македонски железници, кои бараат исплата на јануарската плата. 

Македонско-руската стопанска комора наскоро ќе отвори македонски изложбено-трговски дом во Москва. Тој ќе биде сместен во комплексот „Фуд сити“ во Москва, трговски град на деведесетина хектари, во кој се лоцирани сите што тргуваат со руските увозници и дистрибутери. Што ќе значи овој дом за македонските компании и за нивниот настап на пазарот на Руската Федерација, какви се потенцијалите за извоз, каде се нашето производство, квалитет, маркетинг, дизајн во однос на руските критериуми се само дел од темите на кои разговаравме со Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора.
Страница 1 од 19

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на