wrapper

Флеш вести

Среда, 11 Мај 2016 23:33

ВЛАДИМИР ЗМЕЈКОВСКИ: ПАРТИЈАТА ВМРО-ДПМНЕ МНОГУМИНА ЈА ИСКОРИСТИЈА ЗА ЛИЧНО БОГАТЕЊЕ НА ШТЕТА НА МАКЕДОНИЈА

ИНТЕРВЈУ СО ВЛАДИМИР ЗМЕЈКОВСКИ, ОСНОВАЧ НА ВМРО-ДПМНЕ

 

ПАРТИЈАТА ВМРО-ДПМНЕ МНОГУМИНА ЈА ИСКОРИСТИЈА ЗА ЛИЧНО БОГАТЕЊЕ НА ШТЕТА НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Почитувани слушатели на радио Илинден добредојдовте во уште едно интревју од Македонија. Наш денешен гостин е господинот Владимир Змејковски, еден од основачите на партијата ВМРО-ДПМНЕ. 

Господине Змејковски добредојдовте на нашата фрекфенција. На почетокот може ли да ни кажете како гледате сега на партијата во однос на нејзиното дејствување, работа, идеологија, грижа за Македонија и нејзините интереси?

 

Владимир Змејковски - Точно е тоа партијата е формирања во нашава куќа на адреса: улица Горноврановска, број 122 во Горно Лисиче - Скопје, и низ неа поминаа многу лица. На оваа маса на која сега седиме седеа многу поранешни и сегашни вмровци за што се сведоци и самите тие. Партијата која што беше формирана овде во нашата куќа каде што и беше седиштето во еден временски период не е тоа таа партија сега која што ние ја формиравме тогаш. Ние партијата ВМРО-ДПМНЕ ја формиравме со идеал а сега наместо да работи за Македонскиот народ таа се претвори во алатка за лично богатење на одредени моќници во партијата. Тоа посебно важи за последнава постава која ја води партијата и е на власт. Таа тоа богатење го направи во несразмерни граници.

 

Како ја оценувате политичката состојба во државава?

 

Владимир Змејковски - Политичката состојба сега во државава не била полоша ниту во деведесетите години ниту во 2001 година. Народот нагло се осиромашува. Младите работоспособни луѓе кои ги школувавме на наш трошок, семејствата, на трошок на државата бегаат во странство. 

Вака ако продолжи овој тренд прашање е само кој ден државата ќе банкротира, а тоа се најавува. Се земаат кредити за да се плаќаат плати на администрацијата која е во огромен број. Тука се и пензиите кои се даваат и раснат и само с еочекува денот кога ќе крахира македонското стопанство.

Од друга страна пак или ли демократија, слобода правда во државава?

 

Владимир Змејковски - Правда и демократија нема. Тоа е очигледно. Сите институции се под шаката на владеачката гарнитура. Тоа можеме да го слушнеме од така наречените бомби. Слушнавме како се поставуваат судии, како се местат тендери, како се присвојува земјиште ... 

Медиумска слобода нема никаква. Скоро сите телевизии се под дирекна команда на владеачката гарнитура. Ги држат со плаќање на некои субвенции, со нивни методи, средства и помагала... 

 

 

Според вас како требаше да се води внатрешната и надворешната политика на Р М изминативе две и пол децении за да немаме на секои неколку години немири, војни, конфликти, протести, турбуленции...? Кој и каде ја направи и ја прави грешката? Зошто едноставно државата нема континуиран напредок и мир?

 

Владимир Змејковски - Од самото осамостојување на Македонија па до ден денешен единствено експертската влада на Кљусев работеше домаќински и беше во ред. По тоа дојде една гарнитура, занеме која... Почнаа со таа криминална приватизација. По тоа се замени со друга гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ и тие не го запреа тоа. Капак на се е оваа последнава гарнитура која владее 10 години диктаторски и централистички со Македонија, и ја води кон колапс. Демократија нема никаква. Нивниот начин на владеење со закани, уцени, и е со такви недемократски средства. 

 

 

Се формираше СЈО дали треба и Специјален суд... дали можеби тие институции се решение на нашиот проблем?

 

Владимир Змејковски - Кога во јавноста излезе информација дека ќе се формира Специјално јавно обвинителство имавме и проглас од Форумот на слободоумни патриоти и го поздравивме тоа. Ако суштински го погледнеме извештајот на Прибе може да се заклучи дека постојните судии се во дирекна спрега со врхушката и дека невозможно е да судат правично и непристрасно.

Исто така сум поборник на идејата за  отворање на специјален суд бидејќи гледаме дека постоечките судови и судски совети како ги спроведуваат одлуките на врхушката на власт. Тоа всушност го слушнавме и во бомбите...

 

 

Кој е вашиот став за аболицијата што претседателот Иванов ја прогласи изминатиов период?

 

Владимир Змејковски - Аболицијата беше еден најсрамен чин во неговата политичка кариера. Таа аболиција не само што донесе штета дирекно на ВМРО-ДПМНЕ како владеачка партија туку нанесе штета и на демократијата и на целата држава. Со овој чин докажува дека е нечиј должник и мора да го одработи тоа аболицирајќи ги овие 56 луѓе на високи функции во државата.

 

 

 

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на