radioilinden.com.au

Историјата на Македонија PDF Печати Е-пошта
Напишано од Radio Ilinden   
Недела, 29 Март 2009 09:42
Александар Македонски – легенда и мит во историјата на  Македонија
По смртта на Филип  Втори, неговиот престол го наследил син му Александар Македонски, кој подоцна е наречен Велики. Тој имал само 20 години кога застанал на кормилото на Македонија. Пред да дојде на власт, државата била реформирана и на финансиски и на воен план. Филип вовел, македонски златници, наречени СЕСТЕРИ, со што ги истиснал персиските пари а со тоа и персиската конкуренција од пазарите на средоземно море. Во Египет го пречекувале како крал, и го нарекувале Бог на Сонцето. Персискиот цар Дариј Трети, избегал од бојното поле кај Гавгамела, оставајќи го Вавилон кој подоцна станал нова престолнина на Александар Велики.Уследиле уште неколку  големи борби, паднале уште неколку значајни градови а тогаш загинал и Дариј.Патот кон Индија бил отворен, и Индија ја сметале како крај на светот. Александар бил сигурен во себе дека така ќе го освои и целиот свет.Но патото кон освојување на цел свет, не бил така лесен.  Александар се соочил со многу непредвидливи ситуации и тешки војни. Во војните во Азија, многу од војниците ги зафатиле болести, а непријателите напаѓале безмилосно.Во такви моменти, војниците посакувале да се вратат назад. Пред прагот на животниот сон, освојуваќи дел од Индија, Александар не успеал и да ги задржи заземените места. Под притисок на војниците се решил на нов чекор, пак кон неизвесноста – на пат кон татковината. Дел од неговата војска тргнала по копно а дел се вратил со кораби по море.
За сето ова време додека бил отсутен од македонија, тој не бил во состојба да ја надгледува ситуацијата на Балканот. Потчинетите градови во Грција, во Тракија и на други места, се бунеле. Домашните аристократи,  ја искористиле отсутноста на Александар и се обидувале да зграбат што повеќе поседи и да се осамостојуваат.Тие дури и организирале востанија во Македонија. Затоа враќањето на Александар било неминовно. Кога се вратил во Вавилон, мислата пак го водела за во нови походи. Сега сакал да го покори Запад, и да избие на Средоземното  Море и да ги освои Италија и Шпанија.
Во 323 година пред Христа, големиот војсководец и освојувач речиси неочекувано умрел. А и ден денеска се трага по неговиот гроб далеку од родната земја.
Александар Македонски, станал легенда и мит. Во историјата е обележан како човек кој сакаше да го покори целиот  свет со тешки крвопролевања и како човек со огромен стремеж за уривање на старото и градење на нови односи и нови култури. Неговиот пат до Индија,  е опеан и во македонската народна традиција, во македонската народна приказна Брешко, македонскиот цар од познатиот собирач на македонскиот фолклор, Марко Цепенков.
Крајот на  Александар значел и почеток на крајот на македонската античка држава. Во Македонија се повеле борби за превласт меѓу наследниците на александар. Посилните во тие конфликти успевале да создадат свои државички со силно елинско влијание. За време на Александровиот поход земјата се нашла и во економска и во политичка криза.
Но големите ограбувања на Исток, огромниот број на робови, новата засилена трговија со светот, ја ублажиле таа криза и така започнало да се градат и нови градови. Во исто време дошло и до соединување на некои од поранешните населени места.  Солун се формирал како град со фузирање на помали населби. И таква, Македонија уште долго претставувала најголема сила на Балканот, се до појавата на аспирациите на Рим кон Исток.За до го освојат Исток, морало да ја прегазат Македонија. Така  Рим водел три војни во Македонија.
Првата  во 215 година ја воделе здружени Спартанци, Месини, Илири и Пергаманци кои му помогнале на Рим да ја ослабат Македонија.Втората војна била уште потешка. Римјаните тогаш навлегле во Македонија преку Лихнида, Охрид и Битола. Тие биле пак помагани од вечните непријатели  на Македонија -  од грчките Пергамци, од Дарданците и други. Македонија била поразена и морала да ја признае независноста на грчките држави.
Третата и дефинитивна војна, во 179 година ја запечатила судбината на Македонија. Овојпат дури и довчерашните сојузници им свртеле грб на Македонците. Македонскиот крал Персеј бил заробен со семејството многу македонцски градови биле опљачкани и уништени. Се смета дека 150.000 македонски робови биле распродадени по светските пазаришта . Во Македонија била наметната римска администрација и воена управа. Македонија станала римска провинција и така живеела неколку века.Во петтиот и шестиот век по Христа сеуште постоеле две провинции, наречени Мацедонија прима и Мацедонија секунда , со градовите Тесалоника (солун), и Стоби( чии урнатини се наоѓаат над гратчето Неготино во денешна Македонија.
Има многу земји низ врз кои освојувачите се обиделе да завладеат и поробат. И во Македонија многу земји се обидоја да завладеат , да ги наметнат своите влијанија, идеологии, режими, култура и со еден збор да го сменат иденитетот и да ја ограничат слободата на народот.
Сепак Македонија денес е слободна, во неа не успеале ни оние со посилни војски , ни со поголема моќ да го победат она што е посилно од секакво оружје и пари, - тоа е МАКЕДОНСКИОТ ДУХ, СВЕСТ ЗА СЛОБОДА, РЕШЕНОСТ ДА ЈА ЗАЧУВА СВОЈАТА СЛОБОДА.
Животот во Македонија со векови води само во една највисока и најблагородна насока , а тоа е СПОЈ НА ДОБРИНАТА И УБАВИНАТА НА СВЕТОВИТЕ.
Македонија опстојува со чувство на слобода и љубов со кое се оди кон напредок. Македонија е една земја во која се нанесуваат историски неправди. Историјата  кон Македонија како да е маштеа а не мајка. Денес  Македонија со гордост гледа кон своето минато затоа што поднесе се, даде големи жртви и не успеа никој да ја уништи и скрши.Иако историјата на Македонија е тешка и страшна, полна со неправди едно е јасно, Македонија поседува големи вредности – ОТПОРНОСТ, СНАОДЛИВОСТ, СВЕСТ ЗА СЛОБОДА, БОРБЕНОСТ , ИДЕАЛИ СО кои се се крпел животот во најтешките искушенија. Затоа цената на остварени, зачувани историски , политички , духовни и човечки вредности е импозантна. Македонија нема потреба да да гледа на својата историја со комплекс на страдалник, туку со гордост на победник. Македонија и македонскиот народ никогаш не биле нечесни, никогаш не се посрамотиле, и никогаш не биле скршени од тешкотиите и неправдите. Историјата на Македонија е она убавото во нејзиното постоење.
Македонија е доволно цврста да остане среде сите притисоци и влијанија, доволно умна да прими се што е убаво и добро од другите и денес да даде значаен придонес за вкупната убавина и доблест во светот.
За постоењето на сите овие одлики на Македонија и македонскиот народ низ вековите , денес сведоци се и остатоците од македонските антички градови низ кои ние денес имаме можност да го осетиме постоењето  на македонскиот човек во античко време.
Еден од тие градови во Македонија, е и чудесниот антички локалитет Стоби.
Стариот град Стоби се наоѓа на три тераси што се спуштаат кон Црна Река, опкружени со ѕидови, а на устието меѓу Црна Река и Вардар. Познато е дека тука минувале главните патишта кои ги сврзувале областите на преден Дунав со медитеранските земји, уште од предисторискиот период. По овој главен пат на Балканскиот Полуостров се движеле културните влијанија од југ кон север и обратно. Црна Река, од друга страна, претставувала природен пат кој ги сврзувал централните области на Македонија со Јадранското море. Во римскиот период покрај Црна Река водел значаен пат, кој го поврзувал градот Стоби со Виа игнација кај Хераклеја Линкестис, близу до денешна Битола. Така градот Стоби заземал мошне значајна стратегиска, воена и трговска позиција во античкиот период. Јужно од градот се наоѓаат траги од предградија, додека портата на градот што води кон Хераклеја, а по падините од Гробјанската црква до базиликата во Паликура, се наоѓаат повеќе некрополи. Тие некрополи се од хеленистички, римски, византиски и словенски период. Најстари пишани извори за Стоби наоѓаме кај Ливиј, кога споменува за победата на Филип петти, крал на Македонија, над Дарданците во 197 година пред нашата ера. Според археолошките податоци градот бил подигнат во неколкуте градби во централното подрачје на подоцнежниот град, конструирани се слоеви од 3-ти и 2-ри век пред новата ера а пронајдени се бронзени премети од класичниот и архајскиот период, како и поединечни керамички предмети од неолитскиот период. Се препоставува дека градот бил основан во 359 година пред новата ера. Во 168 година пред новата ера, со победата на римјаните над кралот Персеј, Македонија била поделена на четири области. Тогаш Стоби станува центар на трговија на третата област. Во 148 година пред новата ера македонија станува римска провинција.За време на владеењето на Август градот се шири на запад и југ, за што сведочат 55 гробови од западната некропола, од времето на Август. Ширењето на градот се поврзува и со подигањето на статусот на градот во ранг на мунуципиум, кога почнуваат да се коваат монети со натпис  Мунуципиум тобенсиум. Во текот на раниот и редниот римски период, градот Стоби цутел, на што укажуваат повеќето натписи на спомениците. Како најзначаен истакнат споменик од римскиот град е секако театарот изграден во 2-3 век од новата ера. Градскиот бедем е од третиот век, додека внатрешниот бедем од источната страна е секако од доцниот  четврти век, кога бил напуштен источниот дел на надворешниот бедем. Внатрепниот бедем, секако е подигнат по низата поплави од реката Црна. Тој требало да претставува подобра и посигурна заштита, па бил изграден дури и преку големи градби од јавен карактер со добро зачувани мозаични подови. Во текот на римскиот период Стоби бил исто така значае и влијателен град. Градот бил епископско средиште уште од 325 година , кога епископот Будиос зел учество во никејскиот собир. Во текот на 4-5 век, овде биле подигнати повеќе импозантни цркви, како по својата големина, така и по својата внатрешна декорација со богато архитектонско украсување, мозаици, фреско-живопис и структура, од кои голем дел беа пронајдени при ископувањето. Со мозаици се украсени и повеќе приватни градби, чие внатрешно уредување и распоред ги сместува во Перистериевата и Теодосијанската палата. Во Стоби постоела и еврејска заедница од третиот век, кога Полихрамос ја подигнал Синагогата, која била уништена при крајот на четвртиот век и над неа е подигната ранохристијанска базилика, што се случило, се претпоставува, за време на посетата на Теодосиј  Први во Стоби, 388 година, кога издава два едикта за забрана на евреите.Во петтиот век Стоби станува главен град на Македонија. Во 476 година градот бил ограбен од војските на Теодориха. Во 518 година, градот настрадал од катастрофален земјотрес.Оттогаш градот повеќе никогаш не го вратил поранешниот сјај и благосостојба. Епископот Фокас зема учество на Соборот во Константинопол во 553 година. Големите аваро-словенски напади во шестиот век, секако придонеле за пустошење и напуштање на градот. Најдените монети во куќите на Акрополис  и во градбите јужно од Епископската базилика се од  времето на Јустин втори.. Се споменува победата на Василиј Втори над војничката посада во Стоби, во 1014. Извесна активност во 11 век е констатирана во горните слоеви на Театарот.На просторот меѓу северната базилика и централната базилика –синагога, уште во 1937 година биле откриени средновековни градови од една поголема некропола, од која во 1955 година во јужниот брод на северната базилика и јужно од неа, беа откриени 23 словенски средновековни гробови од времето на 9-12 век. Ова укажува дека Стоби, по ограбувањето и рушењето од варварските народи што се движеле кон Солун и Константинопол, било населено од словенски племиња. Ова го потврдуваат и неодамна откриените гробови од словенскиот период од една поголема некропола крај  базиликата во Паликура, кои исто така може да датираат од раниот словенски период. Останува да се утврди дали во Стоби по шестиот век имало траги на градски живот. Во откриениот дел на Стоби досега се откриени и проучени повеќе архитектонски објекти, и тоа профани и сакрални градби со јавна функција, потоа приватни куќи, бањи, терми, театар, дел од градските бедемии, улици, форумот и главниот влез во градот.
Во Стоби се забележани голем број на култни претстави на божества од грчко-римскиот пантеон аполон и Артемида, Асклепиј, Дионис, Немеза, Зевс, Тихе, Афродита, Хигија и други. Се работи за бронзени и мермерни статуи, или пак за релјефни претстави на мали камени икони. Исто така, откриени се и многубројни примери на архитектонска камена пластика од раноримските храмови.За жал, ареолошките ископувања сеуште го немааат откриено ликот на раноримскиот град и денес немаме репрезентативни сочувани објекти од ова време, со исклучок на две до три градби, меѓу кои се истакнува театарот. Податоци за постоењето на најмалку два храма, ни даваат монетите што се ковале во ковачницата во Стоби. Продукцијата на монетоковањето во Стоби се одвивала во времето на цар Веспазијан во 69 тата година до царот Елегабал во 218 година. На најраната монета, може да се препознаат претстави на Викторија – гениј на победата- и фигура на бик. Монетите од времето на Веспазијан, на аверсот го носат профилот на царот, додека на реверсот има претстава на четириколонен храм со минијатурна фигура на Асклепиј на средина, Бонус Евентус – гениј на добрата среќа, непознат гениј со мала Викторија во раката и рогот на изобилието, со плем штит и иклоп – жена гениј на градот Стоби со венец во косата  а во рацете ги држи мала Викторија и рогот на изобилието. На еден тип монета од времето на Тит и доминицијан се гледаат профилите на двата цара свртени еден кон друг, додека реверсот е храм со 4 колони. На монетите на Домицијан 81-96 година се гледа храм со четири колони и со мала фигура на царот во воена опрема со копје и скиптар. Познати се и монетите со профил на неговата сопруга Домиција.
На монетите на Трајан 98 -117 година има претстава на четириколонен храм со фигура но и една многу значајна симболична сцена со жена – гениј на градот со корона во косата, со мала Викторија и скиптар во рацете. Лево и десно под неа лежат две брадести  фигури со садови од кои истекува вода. Десната фигура држи трска. Тоа се речните гении на Еригон и Аксиј .
Сите овие монети се исковани во бронза. Во науката постои мислење дека монетарницата на градот Стоби ковала исклучиво јубилејни пригодни монети.
Стоби претставувал мошне значаен град во тоа време, а се споменувал во документи и книги уште во вториот век пред нашата ера. Археолозите сметаат дека градот  настанал дури и 400 години пред тоа.
Се надеваме дека уживавте во оваа мала прошетка  низ  чудесниот и  мошне значаен антички град во Македонија, Стоби.
Гордана Димовска
 

Реклами

MakBiz.com.au
Australian Macedonian Business Directory
Барај на MakBiz:   
Банер

Галерија

JA slide show
You are here  : Home Занимлива Македонија Историјата на Македонија