Радио Илинден

Alternative flash content

Requirements

Menu Style

Cpanel

 

Интервју со Ниче Димовски: Македонија Ве љуби

Сподели со твоите пријатели

1.Почитувани слушатели почитувани Македонци, како што најавувавме наш драг и ценет гостин е Ниче Димовски за кој сакам да му се заблагодарам лично за укажаната чест и за прв пат да го слушнеме на радио Илинден Мелбурн. За него имаме многу слушано преку интервју молитвата која ја слушнавте и вие а и по многу други проекти...

Н.Д. – Добровечер  за сите слушатели на радио Илинден Мелбурн, иако кај нас е добар ден, сепак голем поздрав до сите Македонци, распространети на сите меридијани во светот, јас сум Ниче Димовски автор на многу дела: Најголемата вистинска тајна на светот, Вистината за вечноста, автор сум на прирачникот Нано Седум, исто така во моменот работиме на еден стрип кој се вика Лавот од Македон ќе ви објаснам понатака и за петтото дело кое не е објавено сеуште и се вика „БОГ е жив“. Ви благодарам што ме поканивте и се надевам ќе говориме за многу неразјаснети мистериозни вистини за Македонија, за светот ,за вселената и за сите убавини кој сака македонскиот народ да ги слушне.

2. Сега г-не Димовски сакам да ве прашам за Молитвата за Александар во која се спомнува  дека е дојдено времето Македонско, па еве сега да ми кажете дали навистина е дојдено времето македонско?

Н.Д. - Да навистина е дојдено времето Македонско, значи ние бевме како еден пациент во кома, и сега се будиме од таму после 2000 години, сакам да ви кажам дека доаѓаат прекрасни времиња за Македонија, времиња во кои ако им се зборува на народот нема да веруваат што ќе се случува, и всушност се она што работам што пишувам книги, рецитали има еден длабок корен,  длабока основа за тоа да го кажам на светот  да кажам една вистина, затоа што знам што ќе се случува. Всушност и петата книга е дело во кое се ќе биде кажано и опишано  што ќе се случува во наредните дваесетина години со што ќе ги шокираме граѓаните и сите ќе ги донесеме на поклонение. Македонија ќе ја направиме најјка на економски план истото што го направија и Јапонците после ВторатаСветска војна, ќе ја промениме колективната свест, ние сме Македоци и ништо друго, мораме тоа да му го кажеме на светот, многу јасно, сликовито за да може секој да не разбере, бидејки беа пласирани многу лаги од страна на нашите соседи.

3. За колку време планирате ова петто дело да излезе?

Н.Д. - Па петото дело ќе излезе крајот на март почеток на април, догодина,  и морам да кажам честопати ми викаат дека сум скромен , но морам да потенцирам дека мојата права книга е најчитаната книга во последните 60-тина години. Значи што сакам да им кажам на слушателите... да  научат да ја користат потсвеста , да добиеме се што ќе посакаме, не постојат ограничувања на ниедно поле како што не постојат неодговорени прашања, сето тоа го создава нашиот ум значи  каква ќе ни биде мислата такви ќе бидеме и ние.

4. Кажете ми сега за размислувањето,  за мислата ? Да кажеме што е правилно, да не води срцето или умот што би кажале за ова?

Н.Д. - Јас би ви казжал една поговорака во која се вели: Зошто секогаш го правам она што ти го мислиш? А тој му одговара: Затоа што тоа го бараш од мене. Значи сакам да кажам дека пред нас постојано има слики и мисли од кои 80% се негативни  а само 20% се позитивни мисли, и да се запрашаме зошто имаме толкав процен на лоши мисли ,тоа е затос што немаме контрола на мислите  но со трениг можете да имате контрола за тоа што внесувате во вашиот ум. Умот мора секогаш да биде чист за да апсорбира позитивни мисли. Но,  како да го пстигне тоа обичниот човек кога секојдневно е опкружен  со негативни мисли, напнатост, се губи здравјето... Како со ова  да се справиме?

Јас во моите книги го имам сликовито објаснето но бидејќи секој неможе да дојде до книгите, јас ќе се потрудам да го објаснам на најсликовит начин. Како што ви реков во текот на денот размислуваме и водиме дијалог самите со себе од утро до вечер, значи најбитното е коге се будиме да се будиме со позитивни мисли и така ќе ни биде исполнет денот. Значи потсвеста има моќ да го создава она во кое ние веруваме , значи могу е важно да се размислува позитивно, тоа што не ни е потребно и ни прави раздор во умот не треба да го помислуваме затоа што ни се уништува позитивната мисла т.е да го храниме умот со работи кои не прават среќни исполнети со смеа радост е тоа е убавината на животот. Да го посветуваме времето на оние кои ги сакаме оние кои не прават среќни, во умот да ни доаѓаат мисли кои вредат да ги пуштиме да течат низ умот. Секој ден е среќен и ќе ни биде како таков ако само ние замислиме и  имамме убави мисли, во спротивно, ни се случува обратното.

5. Дали постои страв?

Н.Д. - Морам да ви кажам ние се раѓаме со страв од звук и страв од паѓање. Сите останати стравови се енграми , значи записи во умот кои сме ги меморирале , или пак некој не исплашил. Значи со страв не програмират нашите најблиски уште од најрана возраст, а тоа се одразува понатака во животот и потоа можат да настанат проблеми кои се отстрануваат со психијатри. Треба да живееме во сегашно време да не се навраќаме на минатото, гледано и од медицински аспект мозокот живеее во сегашно време тоа што го размислуваме ни се рефлектира на колективната свест, знаци емоциите ги говорат сите јазици на светот. Без разлика некој колку е блиску или далеку тоа се чувствуава по бојата на гласот, по дикцијата со љубовта со кој се зборува по говорот тоа се чувствува и се пренесува преку етерот и тоа може секој да го забележи  кој има нешто позитивно во себе а кој не ќе гледа да го извлече нејнегативното и да коментира само по негов терк. Сега би ги замолоил сите слушатели да следат внимателно бидејќи ќе зборуваме за времето македонско за Александар... за гробницата,  за Филип,  и јас сум сигурен дека ќе се случуваат чуда во Македонија и сите ќе им дојдат  на поклоненеие. Ќе ја видат сите таа древна цивилизација таа древна империја, а со проектот кој го работиме 20.000 среќни семејстава ќе ја направиме Македонија економски моќна  со кој свеста на граѓаните би ја промениле за само седум дена и тоа ќе се случи. Ќе  победи доброто ако сте и вие такви во себе и ќе се подобри ситуацијата само со добри дела. Сите овие и сличните објаснувања можете да ги прочитате во моите книги и јас сум сигурен дека вашата свест ке се смени.

6. Сакам да ве прашам книгата дали излезе на англиски или само на македонски јазик?

Н.Д. - Книгата првин излезе во Македонија на македонски, и стана популарана во Македонија а американците ја побараа и ја преведоа во Пенсилванија. Ова го има на Discoeveri  под име „Ниче Македон“ може да се симне да се види и прочита. Да бидам искрен јас несакав книгата да биде објавена во Америка, ова му припаѓа на мојот народ. Сакам да кажам се ќе си дојде на свое место... се  што е создадено е создадено во чиста форма.Moжеби вака ви звучи парадоксално ама јас  сум убеден дека Македонија ке ја направиме економски најмоќна земја,со многу нови проекти многу новини кои ке и донесат на Македонија победа.

7.Сега сакам да ве потпрашам за дијаспората за тоа колку пати им било ветено на Македонците било што а биле изманипулирани во секој поглед?

Н.Д. - Јас сакам да ви кажам дека Македонија е стара 2826 год. а не некои што кажуваат дека постоиме само 20-на год. и не има насекаде низ целиот свет. Многу Македонци беа измамени од властите да вложат во Македонија а со проектот кој го нарековме 20000 среќни семејства ќе потпишеме договор со кој никој неможе никого да излаже,мора да им пружиме на нашите од дијаспората рака бидејќи,сме расфрлани насекаде и да им покажеме на сите од кога постоиме нашата древна Македонија нашето потомство.Јас сум сигурен со преголемата љубов ке ја вратиме дијаспората тука, ќе заживее Македонија како некогаш. Ќе се обединат сите народи со љубов ке направиме една атрактивна туристича дестинација,ќе вратиме сјајот на старата империја,ќе покажеме дека од секогаш сме биле добри градители со преголема љубов,луѓе кои го иницирале стариот и новиот завет, затоа Македонија многу пати е спомната во Библијата. Значи најавувам нова ера на човештвото.Затоа сакам да им порачам на сите ако било кој има некоја идеја може слободно  да си ја каже на нашата веб страна: Нано Ниче метод или на нашата веб страна: Вистината на вечноста. Сите идеи испратете ги независно дали ви се случило нешто добро или лошо слободно пласирајте  за да ние имаме точен увид за се што се случува насекаде.

8. Дали мислите дека државата ќе ви излезе во пресрет на ова што вие го пласирате пред слушателите и пред целата јавност?

Н.Д. - Јас со сигурност ви кажувам ќе биде така народот неможе веќе да се бори со вакви лаги и само празни ветувања, јас ве убедувам дека власта ќе се смени на подобро,силата е во народот луѓето ке се разбуда,ќе направиме нешто за Македонија. Јас стојам позади ова се кажано и ќе успееме во тоа. Со 10000 илјади потписи ќе влеземе во законот, ќе се смени колективната свест, ќе ја вратиме дијаспората иако тоа многумина неможат да го поверуваат. Светот ја знае целата вистина таа е вечна и непроменлива и ќе излезе на виделина,сетоа тоа што го пишуваат Грците и лажат за територијата  ама сето тоа ке се смени со отворањето на гробницата на Александар Македонски ,таму се записите,таму се сите докази,неговите докази со кои ќе излеземе пред светот. Македонија е уште од пред нашата ера и тоа секој треба да го знае,формирана од крал Каран 814 гог. пред раѓањето на Исус и не случајно ја пишува Македонија во светите писма ние сме прва држава формирана.

9.Да спомнеме сега нешто за календарот на Маите според кој се тврди дека светот ке се уништи до декември?

Н.Д. - Светот оваа год. ќе навлезе во едно ново духовно ниво, борбата помеѓу добро и зло. Ќе се случи менување на колективната свест тоа што јас го носам во моите книги, а не како што се зборува се си сешто, дека нема да постоиме итн. Ви кажав што ке се случи, јас тоа што го видов со мојата клиничка смрт се е тоа во книгите. Од 21 декември ќе се случуваат промени на локални и глобално ниво. Големината на се ова се покажува преку: еве сега ќе ви кажам пример со црквите како се чистат фреските и во мнгу други цркви се случувааат чуда тоа е почетокот на се ова што јас го зборувам. Ние Македонците први ке навлеземе во таа нова димензија за која сеуште неможе никој да свати, ќе има нови гледања на светот. Ќе се случуваат убави работи за кои светот ке чуе, ќе сака да види убавини и  добротворни дела  ќе се подигне свеста на луѓето, Македонија ќе стане туристичка невидена атракција.Тој календар на Маите ќе донесе нов поредок, ново поимање на нештата, каде што ќе постојат нации и народи не викам не, ама на прво место ќе биде човекот особините на луѓето, свеста  на луѓето.

10.Дали вашите верувања  се совпаѓаат со црквата?

Н.Д. - Да ,црквата  го подржува ова што го говорам, говорам за науки пишувам за тоа на многу еденоставен начин за да можат сите да разберат со еден збор Бог е во човекот. Имаме моќ за кој не сме свесни и самите ние. Кога бог ќе го најдеме во нас тогаш ќе оди се кон подобро. Најјака фармацевска фарбика во универзумот е во човечкиот мозок, ниедна болест неможе да создаде толку отров колку што може да создаде против отров човечкоит мозок. За тоа ви говорам еве веќе неколку часа.

11. Како да му помогнеме на обичниот човек да се смени?

Н.Д. - Мораме да сватиме што се случува на локално и глобално ниво, народот  е сеуште исплашен, а тоа е затоа што само така народот  може лесно да се манипулира лажно да се ветува ама веќе се менуваат работите. Не смееме да дозволиме да не манипулираат со страв, а ние први ќе направиме едно будење.

12. Овој вечерашен разговор јас мислам ќе биде од корист многу, за сите граѓани и јас мислам дека веќе треба да привршуваме со разговорот доволно кажавме доволно објаснувавме па еве и вие да кажете несто за крај г-не Димовски? Уште еднаш да ви се заблагодарам за вашето драгоцено време што го одвоивте за нас и нашата емисија,да сте живи здрави да се сретнеме и друг пат вака убаво да си помуабетиме.

Н.Д. - Ако создадеме убава вибрација една фреквенција која ги спојува луѓето јас би бил пресреќен, а тоа се осеќа се чувствува позитивното кај народот јас го приметив тоа и по вас самите, а посебно ме радува што го слушаат македонците, еве и самите слушате како луѓето од дијаспората веруваат дека ќе се случи тоа што јас ви го кажувам изминатите часови и ме радува тоа многу, затоа што многу Македонци ќе си ги остварат своите соништа како во дијаспората така и во Македонија.

Да сте ми живи и здрави и знајте дека секог аш има во Македонија некој кој ќе прегрне топло а тоа сме ние Македонците. Ви благодарам што ме ислушавте поздрав уште еднаш и пријатно.

 

Мапа на страницата

Почетна!

Студио - Мелбурн

Студио - Скопје

Мултимедија

Copyright © 2012 radioilinden.com.au