|
Македонија, име за кое со векови се бореа нашите претци да го зачуваат, име кое е симбол на нашето постоење, име со кое се гордеат милиони Македонци ширум светот. Македонија е земја на исконот, земја која во минатото беше многупати поробувана, економски ограбувана и политички обесправена. Македонија е земја на балканот која измина долг и макотрпен пат во борбата за опстанок и зачувување на националната самобитност.
И покрај сите тешкотии низ кои помина, македонскиот народ се покажа достоен и горд на своето потекло, својот идентитет и успеа да го зачува најсветото – името. Македонците надвор од своите родни огништа грижливо ги негуваат патриотските чувства и традиции кои се длабоко всадени во македонското национално битие. За тоа име излегоа над 30 000 Македонци во Мелбурн Австралија, на мирен протест пред очите на австралиската јавност да го одбранат својот идентитет и да и порачаат на македонската влада да не дозволи никаква промени во името Македонија. Македонија повторно се соочува со политичка обесправеност и дискриминација. Под притисоци наметнати од Грција , ООН посредуваат во преговорите меѓу Македонија и Грција да го променат името. Денес од Македонија се бара да се откаже од своето библиско име за кое со векови се бореа и го сочуваа нашите претци. Грција смета дека е земја етнички чиста, во која живее само грчко население, што е знак на непризнавање на македонското мнозинство во егејскиот дел и сега ја користи приликата тотално да не обезличи т.е да не избрише од географската карта како земја со своја историја и свој идентитет. Грција сеуште не ги почитува меѓународните обврски и не се придржува кон меѓународните стандарди за слободите и правата на сите граѓани кои живеат во земјата, без оглед на нивната национална припадност. Македонскиот народ насекаде во светот треба да се обедини како никогаш досега и остро да се спротивстави на ваквата политика на Грција и да се прекинат било какви договори околу името кои никогаш не требаше ни да почнат. Република Македонија е држава со сите карактеристики на самостоен И мегународен признат субјект, со целосна сувереност И вклученост во светските демократски процеси. Време е светот да ја признае нашата упорност и трпение во борбата на зачувување на нашиот идентитет и конечно да победи правдата. Никој нема право да пресудува и не нарекува нешто друго од она што сме. Промена на име на една земја би значело откажување од она што сме, откажување од нациналниот идентитет, јазикот кои се најзначајни белези за постоењето на еден народ Македонија конечно треба да се избори да биде земја во која секој човек ќе се вика онака како што се чувствува – Македонец, и со гордост ќе ја нарекува својата земја под единственото име – Македонија Гордана Димовска Se nadevame deka dolu prezentiranite fotografii ke napravat da se custvuvate poblisku ili zaedno so nas. Bratski pozdrav do site Makedonci vo Makedonija i od celiot svet od site nas Makedoncite od Avstralija. Zaedno sme mnogu.
  
   
   
   
   
    
   
    
    
   
    
   
    
   
  
 
   
   
  
   
   
  
 
|