radioilinden.com.au

Иселениците ќе формираат партија PDF Печати Е-пошта
Напишано од Radio Ilinden   
Среда, 14 Јули 2010 12:23

Македонските иселеници во европските држави ќе формираат партија. Тие собираат потписи за регистрација на партијата, која е наречена Трета опција за Македонија 2003, најави вчера Насто Палиоски-Јабланичанецот, претставник на Обединети Македонци за Европа

Досега финансиравме две партии. Сега ќе се финансираме самите себе. Ќе ги собереме сите незадоволни од СДСМ, од ВМРО и 300-те илјади невработени граѓани - изјави Палиоски на симболичната прес-конференција од пред спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев на скопскиот плоштад.

Партијата ќе се залага за семакедонско обединување. Посебен акцент ќе биде ставен на подобрување на економската состојба во државата, преку инвестиции од иселениците што својот капитал би го инвестирале во Македонија. Според Палиоски, за такви инвестиции досега немало услови. Тој најави дека партијата ќе се обиде да вработи барем по двајца членови од секое семејство.

Трета опција за Македонија 2003 нема да се бори за едно пратеничко место од Европа, туку ќе формираат пратенички листи со кандидати од Македонија. Тој и нуди коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, односно на секоја партија на власт што ќе може да ги спроведе предлозите на иселениците.

Партијата нема да има претседател. Одлуките ќе ги носат 12 нејзини основачи, кои себеси се нарекуваат 12 апостоли.

Насто Палиоски бил потпретседател на централниот задграничен комитет за Европа на ВМРО-ДПМНЕ.
 

Реклами

MakBiz.com.au
Australian Macedonian Business Directory
Барај на MakBiz:   
Банер

Галерија

JA slide show
You are here  : Home Вести Иселениците ќе формираат партија