| КАПЕТАН АЦЕ ЗАМИНА И ОД АВСТРАЛИЈА |
|
|
|
| Напишано од Radio Ilinden |
| Недела, 14 Март 2010 10:08 |
|
Градоначалниците на сите градови каде и да се во светот имааг голема одговорност кон граѓаните кои ги избрале и кон самиот град. Тие се првите лица кои треба да се грижат за разубавувањето и промоцијата на градот, за културата, туризмот, развој на спорт и други рекреативни активности како и справување со кризи. Ако туризмот е компонента на бизнис плановите, градоначалникот е лицето кое е одговорно за поттикнување на програми за зголемување на оваа профитабилна индустрија Во случајот на охридскиот градоначалник, треба добро да се размисли дали некои од горенаведените одговорности ги има сериозно сватено. Напротив, во услови на криза во неговиот град, тој претпочита да замине на турнеја, на т.н долгопланирана посета на Австралија со образложение дека е од големо значење за развојот на бизнис климата.Вакви личности кои бегаат од одговорноста, трошат пари од касата на најзадолжената општина во Македонија и ги оставаат граѓаните сами да се справуваат со излевање на надојдените езерски води, не заслужуваат да бидат ,меѓу Македонците во Австралија. На ваква бесмислена посета, и неодговорност укажа и ЗОМ од Мелбурн кое излезе во јавноста со соопштение и го прогласи охридскиот градоначалник за персона нон грата. Кон овие изјави се придружија и голем број други организации и друштва кои остро ја осудија посетата на Петрески и ја отценија како голема грешка . Оваа посета беше во погрешно време и од која ќе произлезат огромни негативни последици . Уште една потврда дека Македонците во Мелбурн нема да дозволат вакви бесмислени посети од личен интерес и бегање од одговорност и лица кои не ги застапуваат националните интереси на една земја. Македонската заедница во Мелбурн секогаш ќе ги осудува ваквите постапки од страна на било кои пратеници, функционери и други претставници кои не ги застапуваат националните интереси на Македонија па ниту помагаат да се направи вистински мост на соработка помеѓу македонската дијаспора во Австралија и матичната земја Македонија. Досега ниту еден претставник од раководството на СДСМ не собрал храброст да се промовира себеси или својата политичка кариера во Мелбурн, градот на патриотизмот . Мелбурн е град во кој македонската заедница нема да дозволи повеќе никој да си игра со интересите на државата и да го повредува достоинството, честа и интересите на македонскиот народ во и надвор од Македонија.Охридскиот градоначалник после овие реакции и можеби ред други причини, отпатува од Австралија без да успее да ја посети Македонската заедница во Мелбурн. Во македонскиот весник Вечер излезе натпис ‘Аце нема да се врати‘ и во која стои ‘Петрески направи ужасна грешка со заминувањето во Мелбурн. Дека Петрески е во Мелбурн е тотална дезинформација и треба да ја корегираат ваквата изјава. Г-динот градоначалник сепак отпатува од Австралија. Се надеваме дека улогата градоначалник ќе ја свати сериозно и ќе преземе одговорност во справување со кризата и ‘вистинските проблеми‘ на Охрид. Вакви потези се крајно неодговорни, неморални и не му прилегаат на еден шеф на локална самоуправа. |