radioilinden.com.au

КАПЕТАН АЦЕ ГО НАПУШТИ БРОДОТ ШТО ТОНЕ, ПОБЕГНА ЗА АВСТРАЛИЈА! PDF Печати Е-пошта
Напишано од Radio Ilinden   
Четврток, 11 Март 2010 10:53

Откако капетан Аце го спаси Охрид и Охриѓани од поплавите, експресно долета и во Австралија да ја спаси Македонската заедница од поплавите што ја зафатија Австралија. 

Македонското здружение ЗОМ, Мелбурн  со нова изјава како одговор на реакциите од страна на охридскиот градоначалник Александар Петрески на соопштението со кое се прогласува за персона нон грата во Австралија.

Почитувани Македонки и Македонци, кутриот градоначалник Александар Петрески пред тргнување во Австралија преку брановите на Радио Лав од Охрид, преку половина час се мачеше да ја разубеди македонската заедница во Австралија дека сите обвинувања од страна на здружението ЗОМ од Мелбурн, се чиста лага и невистини, и дека без основа е прогласен за Персона нон грата во Австралија.  

 Г-динот Петрески несигурно и со треперлив глас половина час се трудеше да ги демантира дадените изјави во соопштението за јавноста но никако да најде погодни одговори. Напротив вешто ги заобиколуваше  одговорите на конкретно поставените прашања. Г-динот Петрески не даде објаснување за неговиот став за името и дали се оградува од неговата матична партија СДСМ за ставот што го има за промена на името. Г-динот Петрески не ни објасна дали промената на вековното име на Р. Македонија значи откажување на нешто свето и од нашите браќа и сестри во Егејска, Пиринска  како и во Мала Преспа и нашиот македонски Ерусалим.

 Г-динот Петрески не не даде објаснување за изјавата што побара помош од бугарската влада и премиерот, негов пријател, Бојко Борисов за поплавите во Охрид . Напротив, едноставно кажа дека Охрид е град на УНЕСКО и тој има право да побара помош од било која држава во светот, без да признае дека побара директно помош од Бугарија. 

Дали  Г-динот градоначалник е свесен за бугарските аспирации кон Охрид кој го нарекуваат бугарски Ерусалим.

 Г-динот Петрески не објасни дали лидер му е несреќниот Бранко Црвенковски и зошто излага дека не доаѓаат високи партиски личности со неговата делегација заедно со дописничката од А1 телевизија и сопственикот и уредник на Радио Лав, Пешоски, човекот со лавовско срце кое несомнено се претвори во ружа. 

 Г-динот Петрески спомна дека со овие лаги што се шират доаѓаат  од луѓе кои прават расколништво, делби и братоубиствени војни. Ако градоначалникот Петрески е чист пред господа, зошто баш тој ги прави тие делби и расколништва. Г-дине Петрески , вие не почитувате, Вие ги уривате државните институции.Вие не ја почитувате една висока институција во Австралија, наречена амбасада на Република Македонија во Канбера. Дали имате одговор на тоа зошто ја пониживте оваа институција пред целата австралиска јавност, зошто ја прескокнавте. Дали имате одговор и на тоа зошто ја пониживте и рушите уште една институција наречена МПЦ, епархија за Австралија и Нов Зеланд. Вие отворено зазедовте страна и застанавте на страната на една црковна општина наречена компанија, нели е тоа понижување на МПЦ? Ако вашата партија СДСМ не подели  политички во Македонија, на Македонци и Славо Македонци а овде на црковно, заземајќи ја страната на лица што работаат надвор од црковните закони. Се прашуваме до каде ќе оди сето ова и која е иднината на Македонија. 

Здружението ЗОМ секогаш е на странта на вистинскиот патриотизам и македонските интереси пред се. Бидете сигурни дека ја зборува вистината. За веродостојноста на овие информации ја повикуваме македонската амбасада во Канбера и амбасадорот Перо Стојановски. На поставеното прашање од страна на Радио Илинден до Г-дино Перо Стојановски ,‘Дали ќе доаѓа градоначалникот на Охрид со негова делегација во Австралија‘, одговорот беше: ‘Ние немаме информација дека доаѓа и се работи за шпекулација. Сега се прашуваме како Александар Петрески допатува во Австралија само неколку дена после тоа.

Исто така ја повикуваме и МПЦ, епархија за Австралија и Нов Зеланд да излезат со официјални информации за погоре наведеното. 

Г-дине Петрески, додека сме кај расколништво, предавства и братоубиствени борби, сакаме да ве известиме дека повеќето од лицата кои ви се домаќини во Австралија, беа против одржување на протестот, организиран во 2008 година. За нивна несреќа а можеби и ваша, сакаме да ве потсетиме дека на тој протест излегоа преку 40 000 Македонци на улиците во Мелбурн за одбрана на библиското име. Исто така вашите домаќини спречија расправање за македонското прашање во австралискиот парламент, спречија да се регистрира МПЦ во Австралија, да не зборуваме за тоа кој во последните 15 години  ги австрализира младите овде труејќи ги само со таканречениот ‘црковен проблем‘, и со тоа оддалечувајќи ги младите од Македонската заедница.

 Г-дине Петрески ако се осврниме на две години наназад и гледајќи во Мелбурн со кои се дружите, се добива впечаток дека тие луѓе работеле отсекогаш по директива на вашата партија СДСМ и вашиот несреќен лидер Б.Ц. 

За да се потврдат сите овие информации како точни, ЗОМ, им се обраќа на Координативното тело за организирање на протестот, Македонија, Македонци засекогаш, да излезе со писмените докази и снимките со кои ќе им се каже вистината на македонската заедница. Конечно ќе се дознае за лажните патриоти во заедницата  и со тоа да се стави крај  на сите проблеми и ќе се увиди дури тогаш кој е кој. 

 За на крај Г-дине Петрески, градоначалник на Охрид, нашите браќа и сестри од Охрид ви ја дадоа довербата за да им бидете татко и да се грижите за нив, за напредокото на самиот град. Сакаме да ве прашаме како не ви е срам и зарем немате ни трошка грев и почит кон тие луѓе што ги напуштивте и ги оставивте во најтешкото, да се справуваат сами со поплавите и проблемите.

Или Вие сте капетан Аце кој го напушти бродот пред да потоне, т.е ги напуштивте охриѓани за брзо да скокнете во Австралија и да и помогнете на Македонската заедница во справувањето со овдешните поплави.

 И уште едно прашање за крај – дали направивте некој договор со некоја австралиска банка, и ако направи во која банка ќе ги префрлаш парите?

Македонското здружение ЗОМ секогаш ќе се бори  и ќе се избори за вистината.  

Со почит

Македонско Здружение ЗОМ 

Poveke informacii za zdruzenieto ZOM im se poznati na redakcijata

 

Реклами

MakBiz.com.au
Australian Macedonian Business Directory
Барај на MakBiz:   
Банер

Галерија

JA slide show
You are here  : Home Заедница КАПЕТАН АЦЕ ГО НАПУШТИ БРОДОТ ШТО ТОНЕ, ПОБЕГНА ЗА АВСТРАЛИЈА!