| 8 – МАРТ, ДЕН НА ТРУДОТ ВО ВИКТОРИЈА |
|
|
|
| Напишано од Radio Ilinden |
| Петок, 05 Март 2010 13:24 |
|
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ДЕН НА ЖЕНАТА Денот на Трудот е национален празник во Австралија кој првобитно е наречен и 8-часовен работен ден. На овој ден се слават економските и социјалните достигања од вложениот труд на работникот да се избори за 8 часовно работно време во 1850 година. Порано од работниците се бараше да работаат и по 10-12 часа, шест дена во неделата.За да се постигне промена на работните саати и да се работи само пет дена во неделата, помина еден век во барање на тие права за конечно да бидат донесени и применети од 1948 година. Денес на многу згради од синдикалните организации во Австралија можат да се заприметат трите осумки 888. Овие три осумки се земени во знак на поддршка на залагањата на британецот Роберт Овен, според чија теорија на работникот му се потребни 8 часа дневно да работи, 8 часа рекреација и 8 часа да спие. Оваа негова филозофија многу помогна да се рашири и оформи Движење за 8-часовен работен ден.. Во низата свечености на овој ден, посебно место зазема мултиетничкиот фестивал во Мелбурн наречен Мумба парада. Овој е најголем фестивал во цела Австралија и на парадата учество земаат голем број претставници од сите етнички групи во Австралија. Во едночасовната парада по улиците на Мелбурн активно учество зема и Македонската заедница која се претставува со македонска традиционална музика и традиционални македонски носии. Среќен ден на трудот. Многу помало значење му се придава на интернационалниот Ден на жената кој се совпаѓа со Денот на трудот во Австралија. Сепак, голем број на македонски друштва, пензионерски групи, здруженија успеваат да го одржат овој празник и да го одбележат на еден достоен начин со организирање на прослави во најблиските центри, ресторани, или во градот. На меѓународниот ден на жената се слават економските и политичките достигнувања на жените во минатото, сегашноста и иднината како и социјалната рамноправност со мажите. Првпат е прославен во 1909 година во САД. Во 1910 под закрила на Втората интернационала, во Копенхаген,беше одржана Првата меѓународна конференција на жените на која било одлучено да се прославува Меѓународен Ден на жената на 8 –ми Март, секоја година. Во 1911 година овој ден е прославен од страна на повеќе од еден милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. Денес, 8 март е државен празник во Русија, Белорусија, Молдавија, Украина, Ерменија, Бугарија, Монголија, Узбекистан, Виетнам. Во Македонија има повеќе симболично значење отколку поврзаност со идеалите за рамноправност,еднаков третман во општествено-политичкиот живот на жените со спротивниот пол. Како и да е, 8 –Март е голем повод за прославување па во таа прилика и честитки до сите жени во светот, посебно до македонската жена во и надвор од границите на Македонија. СРЕЌЕН 8-МАРТ Гордана Димовска |