radioilinden.com.au

ОД АВСТРАЛИСКИОТ ПЕЧАТ 2 МАРТ 2010 PDF Печати Е-пошта
Напишано од Radio Ilinden   
Вторник, 02 Март 2010 08:57

Големи промени во образовниот систем на Австралија

Учителите ќе се соочат со нови промени во наставната програма за учениците од  прва до десетта година. Според Федералниот Премиер Кевин Рад,  новата наставна програма ќе ги врати назад на основните работи кои досега беа пропуштени.

Од следната година сите ученици од 1-10 година ќе учат по иста наставна програма  за Математика, Англиски, Историја и  Наука.  Копија од новата програма е ставена и на интернет за да можат родителите да се запознаат со сите детали  за тоа што ќе учи нивното дете.Посебно ќе се фокусираат на внесување повеќе граматика и спелинг, што беше доста запоставено во последните децении. Учителите по Математика ќе се фокусираат на Алгебра, Геометрија  и логичко  решавање на проблеми. По историја, децата ќе учат повеќе за нивната фамилија, месната заедница и светот.  По предметот Наука, ќе бидат повеќе инволвирани за решавање на вистински проблеми што се случуваат во светот.

Кевин Рад  со нов систем во здравството   Премиерот Кевин Рад  најавува нови реформи во здравството. Се планира да се зајакне  контролата на користење на државните фондови. Државите не ќе можат повеќе да ги користат парите од  федералниот фонд на  Австралија за одржување  на државните болници. Премиерот Рад предлага да фондовите им бидат разделени на регионалните здравстени власти  кои ќе бидат задолжени  за одржување и управување со болниците во нивната област. На државите во Австралија ќе им биде дадено време од еден месец да го потпишат новиот  план направен од Г-динот Рад и Министерот  за здравство Никола Роксон. Моменто државите располагаат со 60 проценти од болничките фондови но ќе бидат принудени да ги предадат на новите  Здравствени власти , во согласност со новиот план.

Витни Хјустон во Австралија  По коментарите дека Витни Хјустон ќе колапсира на сцената или дека не ќе може ни една нота да испее, таа во Мелбурн наиде на голема поддршка од публиката која ја охрабруваше со громогласни аплаузи извикувајќи ‘Витни ти можеш‘.  Тоа по се изгледа и помогна да ги испее нејзините најголеми хитови и да комуницира со публиката.

$125 000 -  украдени  Полицијата трага по крадецот на $125 000 долари кои беа украдени од  34 годишна жена. Жената  емигрант од средниот исток, била во супермаркет и сите пари ги носела во нејзината торба. Торбата случајно ја заборавила во количката за шопинг во паркиралиштето, и заминала. Откако се сетила дека и ја нема торбата, се вратила назад но веќе било касно. Таа колапсирала во полициската станица кога давала изјава за украдените пари. Пренесена е во болница поради претрпен шок. Парите и биле заштеда за купување на нова куќа и наместо в банка ги чувала дома. Причината за тоа е што доаѓа од земја каде се војува и каде банкарскиот систем колапсирал во последната војна. Полицијата ја опишува торбата како голема,  кафеава кожна со сребрена буква г. И исто така трагаат по возило тојота вин кеб јут со неколку седишта ставени назад. 

Дигитално ‘стареење‘ на ликот  Федералната Полиција на Австралија ќе применува нов начин на ‘стареење‘ на ликот на фотографија од личности кои се одамна исчезнати . На тој начин ќе се постигне поголем ефект во откривање на приближната старост на исчезнатото лице и ќе можат полесно да ги пронајдат. 1600 Австралијани се водат исчезнати за повеќе од една година.Австралијаните големи љубители на уметностаАвстралија е позната не само по тоа што многу сака спортови туку и по љубов кон уметноста. Анкетата што ја спроведува Австралискиот Совет кажува дека 16 милиони луѓе се вклучени во некои креативни уметнички дела, односно во сликање и фотографија. Читањето и пишувањето се исто така популарни форми на уметност. Најмногу се читаат новели а некои 20 проценти од луѓето сакаат да читаат поезија.

Земјотресот во Чиле  Земјотресот во Чиле однесе 700 жртви поради џиновските бранови кои однесоа и удавија луѓе од нивните кревети и ги збришаа нивните домови. Чилеанската Влада воведе полициски час во две од најзагрозените области за да ги растера ограбувачи на напуштени и разурнати објекти.

LAST_UPDATED2
 

Реклами

MakBiz.com.au
Australian Macedonian Business Directory
Барај на MakBiz:   
Банер

Галерија

JA slide show
You are here  : Home Вести ОД АВСТРАЛИСКИОТ ПЕЧАТ 2 МАРТ 2010