radioilinden.com.au

ОД АВСТРАЛИСКИОТ ПЕЧАТ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Radio Ilinden   
Понеделник, 01 Март 2010 12:09

 КРАТКИ ВЕСТИ  ОД АВСТРАЛИСКИОТ ПЕЧАТ   1 МАРТ 2010

 КАМПАЊА ЗА КУЛТУРНА ТОЛЕРАНЦИЈА НА РАБОТНИ МЕСТА 

Нова кампања  Почуствувајте ја хармонијата ќе трае  од  15  до  21 Март. Целата на оваа камапања е да се почувствува хармонија на работните места каде вработените ќе имаат можност да донесат свои јадења од земјата од каде доаѓаат и со тоа да пробаат разновидни јадења од целиот свет.

На тој начин ќе се претставуваат со нивни најомилени јадења преку кои ќе се рефлектира нивната традиција и култура. Организаторите на кампањата очекуваат  повеќе од 60 000 учесници . 

Проверка на срце преку интернетОтсега  ќе започне проверување на  срцето и  преку интернет. Благодарение на  првиот безжичен писмејкер во Австралија кој е пуштен во употреба и ќе можат да го користат пациентите сами или пак нивните доктори ќе го прават тоа.

Пронајдено мртво телоВчера беше пронајдено мртво тело на автопат во близина на Донибрук. Телото  го забележал возач на камион во 8 часот утрото. Сообраќајот беше пренасочен во други алтернативни патишта за да можат медицинските екипи и вештаците да извршат  увид на случајот. Телото ќе биде испратено на аутопсија  за да се утврдат причините  за смртта на човекот.

Опасни игриГолем број на деца завршуваат со скршеници, губат нокти од прстите  или други посериозни повреди заради тоа што сакаат да ги имитираат скијачките вештини, скокови на олимпијците од  Зимските Олимписките игри  во Ванкувер.Најчесто тие пробваат да направат некоја од скијачките вештини  кои можат да ги изведат само искусни и професионални скијачи.Наместо на мраз, децата пробваат на тротоарите со нивните скутери.     

ПРЕБРЗО ВОЗЕЊЕ25 годишен  возач е фатен како вози 132 км на час и тоа во место каде е дозволено да се вози само 60 км на час. Возачот од Кеалба  бил  и во пијана состојба, три пати повеќе од  дозволената граница.90 годишен човек е фатен како вози  83 км на час во зона со дозволени само 60 км на час. Казнет е за брзо возење во пијана состојба и одземена возачка дозвола на лице место. Се почесто се фаќаат и стари лица како ги прекршуваат правилата во сообраќајот. 

Среќата е во ташнитеСе смета дека жените во Австралија трошат  $7000 на ташни. Од испитаните 3000 во анкетата, две третини рекле дека би потрошиле дури и уште повеќе.  Скоро секоја жена има по 17 ташни, од кои 5 за дење,  3 за навечер и две за на работно место, две за одење на шопинг, две за патување,  и за на плажа. Една од пет жени велат дека ташните им се најважен дел од нивната гардероба.

LAST_UPDATED2
 

Реклами

MakBiz.com.au
Australian Macedonian Business Directory
Барај на MakBiz:   
Банер

Галерија

JA slide show
You are here  : Home Вести ОД АВСТРАЛИСКИОТ ПЕЧАТ