radioilinden.com.au

Кратки вести од австралискиот печат 16.02.2010 PDF Печати Е-пошта
Напишано од Radio Ilinden   
Вторник, 16 Февруари 2010 08:35

Повторно се враќа сјајот на Мумба фестивалот

Моли Молдрум и Кејт Сопрано се прогласени за крал и кралица на најголемиот мултиетнички фестивал во Мелбурн.

Последен пат кога Моли Молдрум беше крал на овој фестивал беше далечната 1985 година. Досега оваа титула ја понесоа врвни спортисти и телевизиски лица, популарни и заслужни личности од Австралија меѓу кои – Кети Фриман, Грахам Кенеди, Берт Њутон.

По 55 години, градоначалникот на Мелбурн, Роберт Дојл од страв дека деновите на фестивалот се одброени, ангажира тим од луѓе да стори нешто со овој фестивал. Се формира нов Комитет кој си го поставуваше прашањето, дали е можно да ја испуштиме од рака оваа прекрасна парада, или да внесеме нешто ново и повторно да заживее.Така и направија, повторно по толку години ја воведоја оваа традиција на крал и кралица. На ваков начин започнала умбата пред 55 години и била многу успешна. Комитетот е решен да се  продолжи оваа традиција на мултиетничкиот Мумба фестивал за кого луѓето се многу приврзани . Секоја година и македонската заедница организира настап на оваа парада каде се презентира македонскиот фолклор, народните носии, традиционалната македонска музика.

Пржените топли компири, го подобруваат расположението

Една британска агенција под раководство на професорот Мајк Грин,  направи испитување за тоа , кое јадење може да го поправи и позитивно да делува на нашето расположение. Истражувачките  пронајдоја дека топлите пржени компири можат  да го направат расположението многу повесело и посмирено да се чувствувате. Се смета дека ‘виновник‘ за поправање на расположението е присуството  на карбохидрати во компирот, неговиот вкус и мирис кој не потсеќа на стари времиња, детството, топол дом и одмор.     

Полин Хенсан заминува од Австралија

Основачката на партијата Една нација, Полин Хенсан, изјави дека можно е да ја продолжи својата политичка кариера во Британија. Нејзината куќа во вредност од еден милион, во Колвил, близу Бризбен, е ставена на продажба. Своите планови и намери ги откри во популарното женско списание, Вуменс Деј, нагласувајќи дека ова ќе биде  збогум засекогаш  со Австралија.

 Папата Бенедикт 16

Папата Бенедикт 16 е номиниран за највисокото британско  признание на класична музика, во конкуренција со многу други популарни телевизиски ѕвезди. Номинацијата ја доби поради одличната изведба на  Алма Матер, музика од Ватикан.За ова престижно признание  има десет номинирани, а победниците  ќе бидат прогласени на 13 Мај оваа година.

 Во државата Викторија –  најголема финансиска нестабилност

Според испитувањата,  жителите на Викторија не умеат да урпавуваат добро со своите финансии. Тие  воопшто не знаат да штедат. На жените од Викторија, најтешко им е да излезат на крај со долговите, да ги плаќаат сметките за куќата и осигурувањето.Еден од секои тројца испитаници во истражувањето спроведено во  Викторија вели дека има многу долгови, има многу малку заштедено и не може да плаќа осигурање.

 Резултати од анкетата На прашањето Дали има доволно полиција на  улиците, одговорија вкупно 3707 читатели  на весникот хералд сан. Од нив само 195 одговорија со Да а другите 3512 гласаа ДЕКА НЕМА ДОВОЛНО ПОЛИЦИЈА НА УЛИЦИТЕ. Денешното ново прашање кое се поставува е во врска со Мумба фестивалот и гласи  -  Дали сте задоволни од враќањето на титулата крал и кралица на фестивалот  Мумба?  

 Во затворот Аризона –‘Умрен човек умираВо затворот Аризона во САД, почина од природна смрт најстариот затвореник. Вива Лерој Неш имаше 94 години и беше в затвор од неговата петнаесетта година. Тој билслеп, глув, парализиран и ментално болен за кого беше донесена одлука да не му се суди смртна казна поради неговата неспособност да присуствува на изрекувањето на смртна казна за убиство во 1983 година.

 

Реклами

MakBiz.com.au
Australian Macedonian Business Directory
Барај на MakBiz:   
Банер

Галерија

JA slide show
You are here  : Home Заедница Кратки вести од австралискиот печат 16.02.2010