|
МАКЕДОНСКОТО ФАСЦИНАНТНО МИНАТО |
|
|
|
|
Напишано од Radio Ilinden
|
|
Сабота, 06 Февруари 2010 11:05 |
|
Нашето историско минато е неисцрпно, и претставува поле на истражување на секоја генерација Македонци, и на оние кои живеат во неа, и на Македонците од дијаспората. Минатото на Македонскиот народ и државност не е интересно и фасцинантно само за нас како Македонци туку и за голем број странски истражувачи, лингвисти, историчари и пријатели на Mакедонија.
Низ вековите македонскиот народ помина низ многу премрежја за си го задржи своето достоинсгтво, да си ја зачува националната, политичката, економската и социјалната слобода. Таа свест за национално осободување и задржување на македонската државност како посебна на балканот и во светот, одликите на саможртвуваност, смелост, борбеност, непокорност беа главни причини да се опстојува и низ најтешкото. Македонија зазема главна улога на балканот и е земја низ која многу цивилизации оставиле траги во бурното минато. Поради својата географска положба и голмата алчност на соседните земји за приграбување на се што е туѓо , Македонија стана земја на приграбување со цел да се уништи се што е македонско и да се разнебиди македонскиот народ преку ропства, геноцид, пропаганди како што е грчката и други соседни земји , уценувања од Европа која за возврат би и дозволила членство во Унијата.Се дозволи ситуација да други држави, европскиот империјализам , и пропаганди си земат за право да ја кројат политичката карта и судбината на македонскиот народ наметнувајќи нерешливи бесмислени спорови , креирање меѓуетнички нарушени односи, и со тоа и до ден денес да се тапка во место и се оспорува економскиот развој на земјата. Од ова произлегува дека македонскиот народ во лицето на европската политика сретнал најсилен непријател на својата слобода. Таа политика била дамнешна и јавно забележлива во клаузулите на Парискиот мировен договор во 1856 година но по првпат најочевидно излегла на видело во 1878 година. Нивните интервенции секогаш силно влијаеле врз насочувањето и изнаоѓање на решенија во една или друга насока на македонското прашање. За судбинска година секако е 1912 во која се случи пресвртница во повеќе насоки со далекусежни последици за развојот и подобрување на положбата на македонскиот човек. Со Букурешкиот договор во 1912-1913 година и поделбата на Македонија, се запечати судбината на еден народ кој со векови водеше битки , рамноправно учествуваше во сите народно ослободителни војни за да си ја задржи својата држава, својата слобода и да биде свој на своето. Со Букурешкиот договор македонското прашање се деградира до таа мера што престана да биде предмет на третирање од европските сили, стана внатрешно но официјално непризнато прашање од страна на балканските земји коишто ги освоија од Османлиите трите делови на дотогаш единствената Македонија. Секоја од Соседните балкански земји со желба да ги оправдаат своите територијални претензии кон Македонија, ја користеле историската наука како силен аргумент со кој ги оправдуваа своите национални интереси во однос на македонија. Тие упорно сакаа да докажат т.н грчки, српски, бугарски карактер на Македонија, ги претставуваат нашите национални симболи како свои. Македонскиот народ е напатен и под разно разни притисоци и влијанија формира традиција за заедничка борба, за национално единство се со цел да го задржи идентитетот, името, а во исто време да ја подобри економската состојба , да се гради сожителство во интерес на сите, не само во интерес на една етничка групација и на тој начин да биде пример за другите земји во светот. Со тие одлики што постојат кај македонскиот народ и фактот што му се нанесени големи историски неправди денес би требало да се стреми кон исправување на неправдите, и полека да се спрема за европска интеграција која не може да се случи преку ноќ, ниту под притисоци и условувања. Време е да се исправат неправдите, време е да се запре спречи повеќедеценискиот геноциден процес над македонскиот народ кој се спроведува преку најразлични форми на политички притисоци за да се зададе финалниот удар на македонското постоење.Од аспект на традиција на издржливост, свест за себедефинирање , мирољубивост, Македонија одржува рамнотежа на Балканот, создава простор за приближување кон Европа. Македонија заслужува шанса за голем напредок на секое поле, економски развој, просперитет , почит кон нашето историско фасцинантно минато, што ќе води кон трајна стабилност и рамноправно место во големото европско семејство . Гордана Димовска
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
|