| Интервју на М-р Митко Јованов за Радио Илинден, Мелбурн |
|
|
|
| Напишано од Radio Ilinden |
| Недела, 10 Јануари 2010 08:16 |
|
“ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ ВО АРХИВИТЕ НА ГЕРМАНИЈА” Уште еднаш на површина излегуваат нови досега неоткриени вистински факти односно погледи кон македонското прашање. Дали дел од вистинската историја на Македонија секогаш ќе ја бараме во туѓите архиви. Дали дел од вистинската историја на Македонија секогаш ќе ја бараме во туѓите архиви. Сеуште трпиме последици од многувековните ропства, покорувања, понижувања, геноцидни тортури кои беа вршени врз македонскиот народ. Тоа најчесто се изразува во правилниот развој на општеството, губење на мотивација за напредок и воља за придонес во сопствената земја, подлегнување и прифаќање на се што ќе излезе и се третира како --голем проблем- за кој ќе се заложи цела нација но во погрешна насока, нејасни погледи кон своето минато и иднина . Луѓето во сопствената држава како да не се осеќаат припадници кон нешто што треба да се гради заеднички за доброто на нашата напатена земја. Најдобрата Влада прави колку може но во најтешко време. Но на Македонија и е потребно максимално ангажирање на сите полиња и вклучување на експерти од сите области да помогнат во зацврстувањето на економската, политичката структура на општеството и да се стави на “здрави нозе” еднаш засекогаш. Докази за постоењето на македонскиот народ како посебен, со огромно културно богатство, јазикот на фрески, икони, археолошки локалитети, каменот розета кој е пронајден во Египет и кој исто така зборува за постоењето на античкиот Македонски јазик се повеќе од доволни непобитни докази за Македонија. Излегувањето од печат на новата книга на М-р Митко Јованов Македонското прашање во политиката на Германија на Балканот ( 1919-1933) беше повод за гостување на радио брановите на Радио Илинден, Мелбурн каде слушателите и пошироката јавност во Австралија со нетрпение го очекуваа. Во ова ексклузивно двочасовно интервју за. М-р Јованов им пренесе досега неоткриени делови од документи за македонското прашање опфатени во неговата книга. М-р Јованов даде и свои видувања во врска со моментната ситуација во Македонија и така наречениот Спор со името и барање конкретни решенија. Според него секаква додавка на името Македонија би било штетно и не се согласува со креирањето на ‘клима ‘меѓу народот во Македонија за навикнување и прифаќање на додавка како излез од економските блокади и позитивност од зачленување во ЕУ и НАТО. Во контекст на неговите истражувања тој смета дека тие докази би можеле македонските дипломати да ги користат во нивните средби со странски државници , како силно оружје во битката за неменување на името и задржување на идентитетот. Ако Македонија би била спремна повеќе да инвестира во истражување на уште факти за нашето минато, и историја тогаш тоа би било многу пополезно и вистински ќе ја насочи борбата за македонската вистина, докажување пред светот дека сме народ со своја историја, и неправди кои ни се нанесени и сеуште ни се нанесуваат . Јованов истакнува дека науката, научните истражувања и јака дипломатија се најправилен начин во една држава за да се оди напред, поточно за Македонија е многу важно да си ја подобри сегашноста и иднината. Само на тој начин ќе се даде една јасна и правилна слика на државата во светот. Книгата е на 324 страници, ментори на истражувањето беа проф. Др. Методија Манојловски, проф.др. Даринка Петресвска, професори на на Факултетот за историја на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, рецезент доц.д-р Ѓорѓи Стојчевски научен истражувач во Државниот архив на Македонија. Издавач е ЈП Службен весник на РМ. Дел од содржината на книгата. Во продолжение следуваат делови од извештаите од Министерство за надворешни работи на Германија и нејзините дипломатски преставништва во Балканските држави: . ...Нема политичка идеја, во никој случај не постои надворешно политичка воља и затоа проблемите остануваат несредени. Не согласувањата продолжуваат со поголем интензитет, особено за Македонското прашање. Може да се утврди дека без решавање на Македонското прашање, овде на Балканот, ќе нема мир кој ќе трае. Македонското прашање не е пред решавање, тоа уште долго ќе остане опасна точка за Европската политика..... ... .Етнографската карта на Македонија покажува дека ниту едно единствено село не е етнички чисто. Две третини од населението зборува на Македонски дијалект, кој е сличен на бугарскиот јазик, но овие луѓе ги сметаат за Бугари, особено што религиозно припаѓаат на Бугарската егзархија. Населението е избезумено од постојаните политички и религиозни пропаганди од соседните држави и големите сили. Во стварноста, ниту една соседна држава, не може да полага право врз Македонија, бидејќи не е можно задоволувачко решение во нејзината поделба. Македонија ќе го пронајде мирот во себе, кога ќе стекне автономија...... Мнозинското население кое зборува Македонски дијалект, Србите го сметаат за непријател и насилно го србизираат. Затоа овде се развива една ужасна и делумно оправдана омраза кон Србите. Таа омраза продолжува да се манифестира преку подигање крвави востанија и преставува сериозна опасност за власта во Белград. Во грчкиот дел од Македонија, состојбите не се значително подобри..... По завршувањето на Светската војна на секоја бугарска Влада и е инзворедно тешко да изнајде средина меѓу внатрешната моќ и политичка сила на Македонците и српските закани. Објаснувањето за причината за моќта на Македонците. Моќта и влијанието на Македонскиот комитет на ВМРО во бугарската држава, треба да се бара во фактот што Македонецот е интелектуално надмоќен од Бугаринот. Може да се оцени дека Македонците се духовни старатели на Бугарите кои се духовно и политички помалку внимателните. Доказ за ваквата ситуација е фактот што денеска на чело на Владата е Македонецот Андреј Љапчев. Исто така, голем дел од дипломатските места и многубројни важни позиции во внатрешното управување на Бугарската држава, се во рацете на Македонците. Поради ваквите политички позиции на Македонците нивното влијание во водењето на бугарската надворешна политика е доволно силно за во секое време да го спречат решавањето на Македонското парашање, кое не е по нивна воља. За мирот на Балканот ќе се бориме но нема да се вплеткаме во македонскиот балканскиот јазол создаден од победниците во Светската војна на мировната конфернција во Версај, Македонскиот проблем им го препуштаме нив.... Јас сум целосно согласен со ставот на Министерството за надворешни работи, дека ние сега и во иднина, треба да се држиме надвор од овој хаос на Балканот....... Хронологија на германска архивска документација - Во продолжение дел од нив според насловите - Ниедна бугарска Влада не може да ги скроти Македонците -Србите попусто се надеваат да ги уништат Македонците -За идеалот „Голема Македонија“, ВМРО ќе се бори и против Бугарија -Борбата за превласт во Македонското движење, битка за Живот -Англија и Франција свесни за немоќта на бугарската влада кон Македонците -Раселените лица не добиваат обештетувања за имотите во Егејска Македонија -Со убиството на Протогеров, ВМРО изгуби идеолог -Борбата на Македонците е од љубов кон татковината -Македонците се политички и духовни старатели на Бугарите -Со потиснувањето на Македонскиот проблем Европа се коцка со мирот - Македонците планирале да ја бомбардираат грчката Влада - Грција ја хеленизира Македонија со доселеници од Азија -Без да се реши Македонското прашање нема траен мир -Македонскиот фанатизам нема да исчезне од сегашните генерации -За Берлин размената на население е нечовечко и некултурно - Алекасандров се бореше против бугарските аспирации кон Македонија -Легендарниот Александров умира за независност на ВМРО - Каде што владее ВМРО нема моќ Владата во Софија -Приказ на бугарските аспирации кон МакедонијаНеговата книга може да се порача на +(49) 017638031136 или на адреса Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Исто така заинтересираните во Австралија можат да се обратат до студиото на Радио Илинден, Мелбурн на +61 3 9378 4467, моб +61403 111 815. Радио Илинден, Мелбурн Уредник и водител Дончо Ангелоски |