radioilinden.com.au

Договорот за социјално осигурување меѓу Австралија и Р. Македонија – голем успех за македонските корисници на пензии PDF Печати Е-пошта
Напишано од Radio Ilinden   
Петок, 08 Јануари 2010 13:58
На 26 октомври 2009 година во Канбера, австралискиот премиер Кевин Рад и премиерот на Р. Македонија,  г-динот  Никола Груевски потпишаа спогодба за социјално осигурување меѓу Австралија и Македонија. Договорот  се очекува да стапи во сила во почетокот на 2011 година,откако ќе се финализираат сите  законодавни и административни процеси во двете земји.

Според договорот, Австралија и Република Македонија во голема мерка ќе ги делат одговорностите за социјална заштита на луѓето кои поминале дел од својот живот во една од наведените земји. Корисниците на пензии, старосни и инвалидски ќе имаат можност да поднесат барање за нивно користење во Австралија и во Македонија. Спогодбата им дава можност на корисниците на пензии од македонско потекло да слободно патуваат од една земја во друга, знаејќи дека нивните пензиски права се признати и заштитени со закон. Договорот ја прифаќа реалноста дека многу луѓе кои живеат и работаат во повеќе од една земја имаат загарантирано право да бараат заштита на нивните пензиски примања во земјата во која избрале да живеат.Ова е голем чекор напред во зацврстувањето на меѓудржавните односи и им дава можност на австралиските државјани од македонско потекло, кои сакаат да живеат во својата родна земја Македонија , да можат слободно да ги пренесат и користат своите пензии, старосни и инвалидски, без страв од нивно укинување. Со  потпишувањето на договорот за социјално осигурување уште повеќе се зајакнуваат постоечките пријателски односи меѓу двете земји и отвораат нови можности за економиска соработка во иднина.Повеќе детали за бенифициите од овој договор ќе бидат објавени пред неговото конечно имплементирање во 2011 година.Австралија во моментов има потпишано  23 договори за социјално осигурување и тоа со: Австрија, Белгија, Канада, Чиле, Хрватска, Кипар, Данска, Финска, Германија, Грција, Ирска, Италија, Јапонија, Кореа, Малта, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Португалија, Словенија, Шпанија, Швајцарија и САД.

Превод од Англиски – Гордана Димовска 

 Македонската Дијаспора во  Австралија – значајно допринесува во зајакнување на односите меѓу Австралија и Македонија

Прашањето  за социјално осигурување, и  потребата од потпишување на договор за негова имплементација помеѓу Македонија и Австралија е покренато многу одамна од поранешниот претседател на ЗК ВМРО-ДПМНЕ, Дончо Ангелоски. На ова прашање членовите на ЗК ВМРО –ДПМНЕ, Мелбурн (Наташа Јанковска, Мики Додевски, Гордана Димовска) упорно работеа за да укажат на огромната потреба од страна на македонскиот народ во Австралија да се здобие со  право за пренос на своите пензии здобиени во Австралија. Праќани се писма до надлежните институации како во Австралија така и до Македонската Влада, се со цел да дојде до негово спроведување и олеснување на процесот на пренос на пензии од секаков вид. Македонскиот народ од Австралија ја прими со голема радост оваа вест за потпишувањето на договорот и изразува огромна благодарност до нашиот Премиер Никола Груевски кој се заложи да го реши ова суштествено прашање и да направи чекор напред во воспоставување на поблиски односи со Австралија. Во текот на неговата посета на  Австралија тој  даде интервју за Радио SBS ,   во кое меѓу другото изрази  благодарност за покренување на ова важно прашање од страна на Дончо Ангелоски. Исто така изрази благодарност и до цела македонска заедница  во Австралија за големиот допринос што го прави за зацврстување на односите меѓу Австралија и Македонија. 
 

Реклами

MakBiz.com.au
Australian Macedonian Business Directory
Барај на MakBiz:   
Банер

Галерија

JA slide show
You are here  : Home Заедница Договорот за социјално осигурување меѓу Австралија и Р. Македонија – голем успех за македонските корисници на пензии