| Македонскиот предавник Киро Глигоров гостуваше кај грчките убијци на македонскиот народ |
|
|
|
| Напишано од Radio Ilinden |
| Среда, 06 Јануари 2010 11:42 |
|
Српско-грчкото пријателство и сојузништво изградено во освојувачките војни што овие два народ ги воде, за да си ја разделат и поробат Македонија продолжува и денес. Како што јави Југословенската новинска агенција Танјуг на 19 октомври 1976 година во Атина допатувала југословенска парламентарна делегација. На атинскиот аеродром југословенските парламентарни ганстери ги пречекал претседателот на грчкиот парламент Канстантин Папаконстантину со други грчки високи личности, ова средба меѓу балканските касапи на Македонија била многу срдечна и пријателска, веројатно за тоа што Југословенската делегација ја предводеше македонскиот предавник Киро Глигоров, претседател на југословенскиот парламент. Двете страни се натпреварувале кај кого подобро да го пофали југосрбинизираниот македонски предавник рекол „Оваа наша посета станува после размената на посетите мегу претседателот на СФРЈ Тито и претседателот на грчката влада Константин Караманлис, после кои пријателските односи меѓу нашите две земји добија нов импулс. Понату Глигоров рекол дека тоа било настан од големо значење зашто за времето на воената хунта односите меѓу двете земји биле во застој. Не е чудо што сега Србите се радуваат што по паѓањето на воената хунта им се пружи прилика да го обноват и зацврстат старото нивно пријателство со Грците. Србија има многу соседи, но меѓу нив само грците се им пријатели. Останатите имаат стари сметки за расправање со Србите. Бугарија, Албанија, Унгарија, Италија чекаат Југославија после смртта на Тито да се распадне пад да лапнат некој дел од неа. Од друга страна несрпските народи во Југославија: Хрватите, Македонците, Албанците и други чекаат згоден историски момент да се спасат од српската хогемонија, а тој момент може да настапи по смртта на Тито. Затоа Србите едно од страв од своите непријателски настроени соседи, а друго, од незадоволните угнетени народи во самата Југославија, особено се загрижени да ги зајакнат своите пријателски односи со Грците. Затоа денешната белградска дипломатија им ласка на Грците и сака да им угоди во се. Затоа Србите денес постојано повторуваат дека мегу Југославија и Грција нема никакви спорни прашања за тоа денес Белград не допушта во СРМ никој да каже дека во Македонија живеат Македонци. Грците пак нема зошто да не бидат задоволни од пријателската рака што им ја пружаат Србите бидејки со српска помош тие полесно и неказнето ке можат да продолжат со својот геноцид врз Македонците во Егејска Македонија. Затоа не е ни чудно што Папакостантину на таа средба рекол, „Судбината одредила да живееме "на Балканот. Нашите народи секогаш во историјата биле сојузници, секогаш биле, заедно било во локални или во мегународни расправии". Под „наши народи" Папаконстантину разбира грчки и српски народ, но македонскиот предавник Глигоров не се праша кога Грците биле пријатели и сојузници на македонскиот народ? Папаконстантину и денешна Југославија ја смета за српска држава. Во ова нешто тој и не греши зашто политиката на денешна Југославија е српска политика без разлика на тоа што во спроведувавето на таа политика учествува и македонскиот предавник Киро Глигоров. Овој Македонец од Штип изневери на својана македонска крв. Во српска служба, тој води српска политика против животните интереси на нацијата од која потекнува. Србите се познати како добри дресери на панагурски мечки, па за нив не било тешко да му стават на Глигоров алка на носот и да го шетаат и покажуваат во Атина наместо мечка. Брсјак |
| LAST_UPDATED2 |