radioilinden.com.au

Од Полска порачуваат - без името ќе ја нема Mакедонија, ќе го нема македонскиот народ ! PDF Печати Е-пошта
Напишано од Radio Ilinden   
Среда, 06 Јануари 2010 11:39

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии.

Кој го прави тоа е предавник и продавач на Македонија.

Е враг на македонскиот народ.

Без разлика дали е од левата или од десната политичка сцена, дали е обичен човек или пак е претседател на државата.

Македонија го даде знамето и што доби? Не бидете наивни: Грција сака да ја искорени Македонија и македонскиот народ!

Грција е окупатор на голем дел од Македонија и нема ниту морално ниту историско право за името.Тоа го признават сите независни историчари.Еве што напиша  и што предлага еден познат полски коментатор, кој се занимава со балкански проблеми: нека Грција прими име - "Бивша Отоманска Провинција Грција".

БЕЗ ИМЕТО ЌЕ ЈА НЕМА МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ГО НЕМА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД !

Од името на Македонците во Полска - Мито Алексовски, Претседател на Полско-Македонското друштво за пријателство, некогашно "дете бегалче" од селото Шештево - Костурско, Егејска Македонија.



Полска, 04.01.2010 г.                   

Za Makedonska Nacija

 

 

Реклами

MakBiz.com.au
Australian Macedonian Business Directory
Барај на MakBiz:   
Банер

Галерија

JA slide show
You are here  : Home Вести Од Полска порачуваат - без името ќе ја нема Mакедонија, ќе го нема македонскиот народ !