| КУЛТУРЕН ШОК |
|
|
|
| Напишано од Radio Ilinden |
| Вторник, 05 Јануари 2010 11:34 |
|
Повеќе од триесет години ‘ Културен шок’ е област на која антрополозите и психолозите упорно истражуваат. Во спроведените испитувања , анкети, најчесто ги земаат во обзир реакциите и искуствата на луѓето кои решиле од било кои причини да живеат во друга земја.
За најточни податоци ги сметаат оние кои се земени во првите шест месеци од престојот во новата земја. Голем број од Македонци кои се доселија на австралискиот континент доживуваат културен шок , кој е неминовен, неизбежен во фазата на адаптирање во новите услови и новите култури. Абориџинската култура во Австралија е многу комплексна и се смета за најстара во светот, или како што тие сметаат, повеќе од 40.000 години. Главна нивна одлика е способноста да се адаптираат и да се менуваат низ времето. Слично како и ние, Абориџините ја ја чуваат и негуваат својата култура преку пренесување на своето знаење од уметноста, ритуалите, обичаите , од генерација на генерација, зборувајќи го и учејќи ги другите на јазикот, заштитата на сите културни наследства, свети и значајни. За нив земјата е нешто свето и многу важно сврзувачко ткиво. Тие ги учат наредните генерации да го чуваат културното наследство, а не да го уништуваат. За во почетните месеци на живеење во друга земја, најчести проблеми кои го карактеризираат така наречениот културен шок се стравот од незнаење на јазикот, нови култури, обичаи, средина. Новодојдениот се чувствува неспособен да реши и се справи со секојдневни обични работи, што негативно влијае на неговото расположение. Културните разлики влијаат на расположението, начинот на однесување, моралните вредности. Така постепено доаѓа до изолираност, повлеченост од другите и бараат спас во удобноста на своето семејство, и барање на нешто свое од земјата од каде доаѓаат. На тој начин се одбива се друго околу себе, и човекот во новата средина станува негативен, агресивен, одбивен и со мисла дека ’никој него не го разбира’ и ‘сите се против него‘.Кога станува збор за јазикот, најчесто доселениците се осеќаат најсигурни во себе ако само си го зборуваат својот прв јазик. Немаат доволно мотивација за вториот јазик и се плашат од грешки во изговарањето, акцентот и се сметаат себеси дека не се еднакви со својот соговорник и не се наоѓаат во другата култура . За да се преброди тој страв од вториот јазик, потребно е да се отстранат тие пречки кои луѓето си ги поставуваат и од кои се плашат. За најуспешни методи за разбивање на стравот и прифаќање на новиот јазик се сметаат следниве: да се започне со нагаѓање на значењето на зборот, да се развие желбата за комуникација, често вежбање на изговорот на одредени зборови и тоа гласно, да нема страв од правње на грешки, способност да развијат свои тактики, начини на учење на одредени зборови, фрази, памтење, изнаоѓање на значењето, пишување и практична примена. Изучувањето на еден јазик е процес кој трае цел живот и затоа не треба да се смета дека е нешто што целосно може и мора да се научи во извесен временски период .Знаењето на вториот јазик никогаш не може да биде совршено. Културата е процес кој исто така е прилагодлив, менлив. Доколку тој процес не се одвива, општеството би било статично.Голем дел од доселениците од сите нации, посебно од Балканот, одбиваат да се прилагодат на новата култура, новите вредности, начин на однесување, норми кои преовладуваат во новата земја. Тоа најчесто се случува поради страв од губење на голем дел од својот идентитет, својата култура. Прифаќа да живее како во културен вакуум во кој се осеќа како “отфрлен“. Некои пак комплетно ја прифаќаат новата култура во земјата во која дошле и отфрлаат се свое. Најдобар начин за надминување на културниот шок е прифаќање на дел од новата култура и задржување на својата. Денес во австралиското мултиетничко општество постојат околу 40 различни култури (200 јазици и дијалекти) кои голем дел прифатиле до австралиската но сепак си ги чуваат и негуваат своите. Австралија смета дека единствен начин за успешно спроведување, допринесување во општествено политичкиот живот е прифаќање на мултикултурата за која има изготвено и полиса за нејзино контролирање. Препознатливиот начин на кој поединецот од одредена мултиетничка група се однесува, не претставува културна вредност ако не е дел од обичаите и однесувањата на групата. Општествените норми на однесување ги претставуваат правилата на однесување во една култура. Културата настанала со настанувањето на човекот – културата го обезбедува опстанокот на цивилизацијата. Гордана Димовска Мелбурн |