radioilinden.com.au

Новогодишни празнувања на Македонската дијаспора во Австралија PDF Печати Е-пошта
Напишано од Radio Ilinden   
Понеделник, 04 Јануари 2010 11:38

Сеуште во празнично расположение Македонската дијаспора во Австралија продолжува да допринесува со своите обичаи и традиции во прославата и на новогодишните празници во мултиетничка Австралија.  Подготовките за празниците започнуваат уште од првите денови на Декември заради  големото значење што му се придава  на католичкиот Божик.

Овој ден Македонците најчесто го користат за традиционалните излети на манастирските места каде можат да се сретнат со своите роднини, пријатели и во пријатна атмосфера, скара, песна и оро да го одбележат почетокот на празнувањата.  Новата година  се слави на 31 декември и  е скоро заедничка за сите етнички групи. Карактеристично за Австралијаните е тоа што  преминот од старата во новата година го манифестираат  со многу гласно свирење  од автомобилите и спектакуларни огномети во центарот на градот,  Federation Square во Мелбурн. Божиќните празници кои се очекуваат со посебно доживување за сите православни христијани, вклучувајќи ги и Македонците.
Во Австралија постојат повеќе од 40 етнички групи кои се прифатени и признати како посебни и  на кои австралиското општество им дозволува да се промовираат зашто само на тој начин можат полесно да се вклопат во новиот систем и така да допринесуваат во општествено политичкиот живот како да се едно.

Австралија е земја на чие тло си оформија свое гнездо илјадници Македонци и кои со текот на времето ги надминаа културните разлики, прифатија дел од мултиетничката култура но сепак задржувајќи ги своите национални вредности, обичаите, културата, традицијата, јазикот – белези по кои се препознаваме во ова мултикултурно општество и кои со гордост ги промовираме. Но како и секогаш и секаде, постои можност и простор за унапредување.

Се чини дека и во Австралија постои уште една Македонија. Во одредени предградија на поголемите градови Сиднеј и Мелбурн, секое второ домаќинство е македонско, во одреден број на училишта и наставата е двојазична англиско-македонска, македонскиот јазик се вклучува во првите 10 најзборувани јазици во Австралија и се изучува во вонредните училишта за јазици како и на катедрата за европски јазици Меквори универзитетот во Сиднеј. Постоењето на голем број друштва и организации, Црквата (нашиот духовен водач), спортски клубови, бизниси, списанија, дневни весници на Македонски јазик, многубројните радио станици кои на големо допринесуваат за промоција на се македонско, и на овој континент но и за воспоставување на т.н мост на соработка, комуникација со родната Македонија. Младите генерации  на овој начин лесно се запознаваат  и чуваат  македонската култура која е збирен феномен и  ја одржуваме преку нормите и обичаите само за себе својствени. 

Дочекот на Новата Година е најрадосен, највозбудлив момент во годината. Да се радуваме и уживаме во посебноста на новогодишната ноќ! Македонија е наша заедничка мајка, иако сме далеку од сите вас, се чувствуваме како да сме толку блиску и ви пренесуваме искрени, топли пораки на поддршка, честитки по повод престојните празници и нека истите ни донесат повесела, порадосна, најсреќна нова 2010 со желби за зацврстување на ‘мостот‘ на соработка, меѓусебна почит,мудрост,просперитет, единственост.

Среќна Нова 2010 година, и нека истата биде исполнета со многу радост, среќа, успеси, остварување на желби, добро здравје и мир. Најголемата новогодишна желба на македонската дијаспора во Австралија е секако да се исправат сите историски неправди над Македонија и македонскиот народ и конечно да завладее едно исто чувство,развивање на свеста за себедефинирање како земја со свое вековно и единствено име Македонија и народ со свој посебен, единствен и препознатлив во светот – идентитет. Честитки и до редакцијата на Македонска нација и уште поголеми успеси во новата 2010 година. ‘Македонска нација‘ е гордост на македонскиот народ, во неа се отсликува македонското име, македонската држава, дијаспората, се она вистинското – македонското.


Гордана Димовска
Мелбурн, Австралија
 
 

Реклами

MakBiz.com.au
Australian Macedonian Business Directory
Барај на MakBiz:   
Банер

Галерија

JA slide show
You are here  : Home Заедница Новогодишни празнувања на Македонската дијаспора во Австралија