wrapper

Флеш вести

Понеделник, 20 Март 2017 20:19

ОСУДЕНА БЛОГЕРКА ОД АВСТРАЛИЈА

Бела Гибсон, 25-годишна блогерка од Австралија, судот ја прогласил за виновна поради доведување на јавноста во заблуда, бидејќи лажно пишувала дека заболела од рак на мозок и дека се излекувала со природни лекови.

 

Гибсон станала популарна во родната Австралија откако објавила дека го победила ракот со алтернативна терапија (традиционална медицина со режим на исхрана без глутен или рафиниран шеќер), а не со медицинска интервенција.

Таа објавила и успешна апликација и книга за готвење откако се прославила со својата приказна за болеста.

Но, во 2015 година девојката признала дека сè измислила и дека никогаш не била болна. Службата за заштита на потрошувачите во Викторија поднела тужба против неа и сојузниот суд ги прифатил сите аргументи. Судот навел дека таа се однесувала како измамник.

Казната сè уште не е изречена, но Бела Гибсон би можела да биде казнета со 156.000 евра, а нејзината компанија со околу 500.000 евра.

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на