wrapper

Флеш вести

Четврток, 16 Март 2017 21:44

Македонците од Австралија добија пратеник во парламентот

На неделниве парламентарни избори во Западна Австралија, македонската снаа Џесика Стојковска, сопруга на Македонецот Сиљан Стојковски, стана пратеник од Лабуристичката партија од изборната единица Кингсли во Перт. 
 
Државната изборна комисија на Западна Австралија соопшти дека таа доби 11.250 гласа или 50,66%. Џесика по потекло е од Англија, мајка на две деца, зборува одлично македонски јазик. Македонците во Западна Австралија ја честитаа нејзината победа и се надеваат на нејзината функција во прилог и на Македонската заедница во Западна Австралија и во Австралија воопшто. Даме Крцовски иако вложи максимални напори за пратеник од изборната единица Гиравен, доби 7.452 гласа или 33%, и не стана пратеник од Либералната партија. Имајќи предвид дека ова е почеток на неговата политичка кариера, Даме Крцовски изрази задоволство од освоените гласови и се заблагодари на поддршката од Македонската заедница и на сите симпатизери на Либералната партија кои гласаа за него.

За нас

Радио Илинден е 24/7 часовно иселеничко Македонско радио од Мелбурн кое постои повеќе од 12 години. 

За било какви инормации можете да не контактирате во секое време на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Лице за контакт: Дончо Ангелоски Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
+61 403 111 815

Категории

  • Австралија
  • Политика
  • Економија
  • Живот
  • Став
  • Интервју
  • Спорт
  • Занимливости

Следете не на